Црна хроника
Се очекува неделава тетовката да каже зошто се фрлила гола од четврти кат
Состојбата на деветнаесетгодишната тетовка што се фрли гола од четврти кат во Тетово се подобрува и во текот на неделата се очекува полицијата да разговара со нејзе за да се дознае што точно се случило пред една недела.
Според информации од СВР Тетово, девојката била исклучена од апарати, почнала да прима храна и била контактибилна.
Во текот на неделата полицијата треба да разговара со нејзе и во зависност од она што ќе го каже девојката, да изготви извештај и да го предаде до јавното обвинителство.
Полицијата разговарала со сопственикот на станот и со пријателот кој бил со деветнаесетгодишната девојка во станот, вечерта кога се фрлила.
Пријателот во полиција рекол дека девојката била под дејство на алкохол и некои таблети.
Тетовката на 19 овој месец се фрли гола од четврти кат од зграда во Тетово. Случајот во тетовската полиција го пријавил граѓанин кој ја видел девојката. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кој да ја плати сметката-тепачка во скопска кафеана
Синоќа околу 21.45 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Н.(34), С.А.(46) и С.С.(54), тројцата од Скопје и Б.Ј.(34) од Крива Паланка.
Тие се сомничат дека околу 19.40 часот со уште неколку лица, во и пред угостителскиот објект, поради недоразбирање околу плаќање на сметка во објектот, физички ги нападнале В.Р.(45), Ј.Д.(44) и Б.П.(40), сите од Скопје.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанки се степале на паркинг поради недоразбирање во сообраќајот
Вчера околу 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.Д.(53) и Х.П.(51), двете од Скопје.
Според полицијата, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Охриѓанец измамен поради биткоини за сума од над 700.000 денари
На 26.11.2024 во 11.00 часот во СВР Охрид, 54– годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 730.000 денари.
Според пријавеното, лицето му се јавило на 15.11.2024 и се претставило како претставник на фирма која работи со биткоини и дека е добитник на 15.000 долари како нивен корисник, а потоа му кажало дека за да ги подигне ќе треба да инсталира апликација преку која ќе се изврши наплатата, но дека прво ќе треба да изврши уплата на одредена сума на пари.
Како што е пријавено, во два наврати тој ги уплатил парите, за што подигнал и брз кредит од финансиско друштво.
Исто така, според пријавеното, на 24.11.2024 им пишал на нивната електронска адреса со барање за информација кога ќе ги добие парите, а откако го известиле дека биле заглавени во Народна банка, пишал и на официјалната електронска адреса на банката, од каде што добил известување дека тие не се нивни уплатници и дека најверојатно се работи за измама.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.