Спорт
„Светците“ гостуваат во Дортмунд
Борусија во Дортмунд вечерва ќе го пречека Пари-Сен Жермен во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Ова ќе биде дуел на најефикасните тимови во своите национални шампионати.
Борусија на досегашните 22 натпревари во Бундеслигата има постигнато 63 гола, во просек три на натпревар. Се наоѓа на третото место на табелата со 42 бода и сè уште е во борба за титулата.
Од почетокот на пролетниот дел на сезоната посилни се за Ерлинг Халанд. Норвежанецот во Дортмунд продолжи онаму каде што застана во Салцбург. Нестварен е податокот дека на првите две средби одиграл 59 минути и постигнал пет гола. Во Салцбург неговиот учинок во првата фаза беше осум гола на исто толку натпревари.
Инаку, прво име сезонава во Дортмунд е Џејдон Санчо со 13 гола и 13 асистенции, а интересно најдобар стрелец во Лигата на шампионите е десниот бек Ашраф Хакими со четири гола.
ПСЖ до саботниот спектакл со Амиен (4:4) беше во серија од девет победи, а на последните 22 натпревара забележал 19 победи и трипати играше нерешено. Нема пораз од ноември минатата година.
Во Лигата на шампионите постигна 17 гола и само еднаш одигра нерешено – против Реал (2:2).
Борусија за овој меч нема да може да смета на двајца важни играчи – Марко Ројс и Јулијан Брант. Кај ПСЖ ќе ги нема Дагба и Паредес, но нивното неиграње нема да претставува проблем за тренерот Томас Тухел.
Во минатото овие тимови еднаш се имаат сретнато во фазата по групи. Во сезоната 2009/2010 во фазата по групи, во Лига Европа. Двата натпревара завршиле без победник, 1:1 во Дортмунд и 0:0 во Париз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ливременто ќе стане најскапиот бек во историјата на фудбалот
Манчестер Сити не запира со реконструкцијата, која за цел има целосно да го подмлади тимот. Англиските медиуми тврдат, дека клупските челници ќе ја исполнат желбата на Пеп Гвардиола и дека во летниот преоден рок ќе го ангажираат Тино Ливременто.
Манчестер Сити е подготвен да плати рекордна сума за Ливраменто, неговиот тековен договор со Њукасл го врзува до 2028 година.
Манчестер Сити плати 57 милиони евра за Вокер во 2017 година, а потоа рекордни 65 за Жоао Кансело од Јувентус во 2019 година.
Светскиот рекорд платен за бек е трансферот на Ашраф Хакими од Интер во ПСЖ во вредност од 70 милиони евра во 2021 година.
Њукасл бара 80 милиони евра за својот бек и тоа би бил најскапиот платен бек во историјата на фудбалот, секако доколку трансферот биде реализиран.
Ливраменто играше три пати за Англија, дебитираше во победата од 5:0 против Република Ирска во 2024 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Меси спречи пораз на Интер во Орландо
Лионел Меси постигна два гола во второто полувреме и го предводеше актуелниот шампион Интер Мајами до победата против Орландо Сити – 4:2.
Интер одигра лошо прво полувреме, му дозволи на орландо до 24-та минута да води со 2:0.
Раниот гол на Силвети во второто полувреме го најави пресвртпт на Интер. Во 57-та минута, аргентинскиот маестро го израмни резултатот на 2:2 по асистенцијата на Теласко Сеговија, кој донесе целосен пресврт во 85-та минута.
Меси стави точка на натпреварот во 90-та минута со спектакуларен гол од слободен удар.
Тренерот на Мајами, Хавиер Маскерано, не ги криеше своите емоции по натпреварот:
„Победата им припаѓа исклучиво на играчите. Во второто полувреме, тие беа шампионски тим. Немаше тактика – тоа беше срце, храброст, посед, упорност и посветеност. Тие излегоа на теренот како шампиони и го покажаа тоа.“
Зборувајќи за Меси, Маскерано додаде:
„Тој е најдобриот играч во историјата на фудбалот. Тој е лидер и ги инспирира другите, но му е потребна и инспирација. Кога се движи напред и има опции во нападот, тој е способен да создаде шанси како никој друг. Тоа ни овозможи да го свртиме натпреварот.“
Аргентинецот постигна 51 гол во последните 49 настапи. Во кариерата досега постигнал 898 голови.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Борусија ги скина предните вкрстени лигаменти
Капитенот на Борусија Дортмунд, Емре Џан, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради скинати предни вкрстени лигаменти на левото колено, објави германскиот тим.
Џан (32) се повреди за време на натпреварот во саботата со Баерн Минхен (2:3). Тој се обиде да продолжи со играта, но на крајот од првото полувреме мораше да го напушти теренот.
Поради сериозноста на повредата, Џан сигурно нема да биде во плановите на германскиот селектор Јулијан Нагелсман за овогодинешното Светско првенство, кое се одржува од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико.
Во својата репрезентативна кариера досега, Џан има одиграно 48 натпревари за Германија, вклучувајќи го и последниот во септември 2024 година.
Договорот на Џан со Борусија Дортмунд истекува на крајот од сезоната, а во текот на кариерата играше и за екипите на Баерн, Леверкузен, Ливерпул и Јувентус.
По поразот во големото дерби, Борусија Дортмунд е на второто место на табелата во Бундеслигата, 11 бода зад лидерот Баерн.
Foto/ depositphotos

