Црна хроника
Радовишани краделе акумулатори

Петмина радовишани извршиле кражби на 14 акумулатори од камиони и трактори во Радовиш и селото Ораовица, соопштуваат од МВР.
Кривични дела за тешка кражба се поднесени против Ј.Ш., С.А., Е.Џ., Ф.Ј., и В.Ј., а истите причиниле материјална штета од 97 илјади денари./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претреси во Кочани и Штип, пронајдена дрога, уапсени три лица

Вчера, полициски службеници извршија претрес во дом и помошни простории кои ги користи Е.Х.Х.(43) од Кочани. При претресот се пронајдени и одземени две метални дробилки-гриндери и марихуана, а Е.Х.Х. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така, вчера извршен е и претрес во домот на И.Р. (29) од Кочани, при што е пронајдена марихуана. И.Р. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска, пак, во претрес во дом кај А.Џ.(39) од Штип е пронајдена марихуана и дробилка. А.Џ. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Му се заканувале по неговиот и животот на фамилијата: двајца скопјани изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.08.2025) до Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ш.М. (34) и Ф.М. (37), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по чл.258 ст.3 од Кривичен законик.
Во временски период од осум години, Ш.М. и Ф.М. од оштетено лице од Куманово, изнудувале пари, при што континуирано му упатувале сериозни закани врз неговиот и животот на неговата фамилија, со што прибавиле противправна имотна корист во вредност од 300.000 евра.
Во наведениот временски период оштетениот од Ш.М. земал 30.000 евра договарајќи се секој 1-ви во месецот да му исплаќа камата од 16%, при што до сега во повеќе наврати преку брз трансфер на пари, но и лично на Ш.М. му исплатил вкупно околу 300.000 евра.
На 04.08.2025, врз основа на претходен договор меѓу Ш.М. и оштетениот, тие се сретнале во кафе бар во склоп на бензинска пумпа во Куманово, каде оштетениот му дал на Ш.М. 2000 евра, по што Ш.М. е лишен од слобода, а при извршен преглед на лицето, кај него се пронајдени парите.
Врз основа на издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во куќа каде престојуваат Ш.М. и Ф.М., при што е пронајдена документација поврзана со кривичното дело.
Црна хроника
Внук ја натепал својата баба: семејно насилство во Скопје

Внук ја натепал својата баба во скопска Кисела Вода, соопшти полицијата.
Имено, синоќа во 20:19 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека во 18:30 часот во семејната куќа на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот внук Е.Д..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.