Црна хроника
Грк се обидел да пренесе чекови во вредност од околу 100.000 евра

Во петокот, на Царинска испостава „Богородица”-отсек за патнички промет, царинските работници пронашле и привремено задржале 33 чекови во вкупна вредност од 99.099 евра.
Имено, на граничниот премин „Богородица” за влез во Република Македонија, се пријавило лице со грчко државјанство, управувајќи патничко моторно возило со грчки регистарски ознаки.
На прашање на царинскиот работник дали има нешто да пријави за царинска контрола, лицето пријавило дека има само 3.000 евра. По извршен претрес на возилото и личен претрес на лицето, во личната торби на патникот се пронајдени пари во вредност од 4.000 евра и уште 2.000 евра во џебовите, како и 33 чекови со вкупна вредност од 99.099 евра.
Согласно член 15 од Законот за девизно работење, обврска на секој резидент и нерезидент во Република Македонија е да пријави внесување на странски хартии од вредност (чекови) во Република Македонија и потребно е одобрение од Комисијата за хартии од вредност, која ги определува условите и начинот под кои може да се добие одобрение за реализација на трансакциите.
Исто така се известува Агенцијата за спречување на перење пари која води понатамошна контрола за потеклото на парите.
Во случајот чековите се непријавени, поради што против лицето ќе се спроведе прекршочна постапка и ќе биде изречена прекршочна санкција која предвидува плаќање глоба и одземање на чековите со вредност од 99.099евра.
Согласно Законот за девизно работење, нерезидентите при внесување на ефективни странски пари во Република Македонија, немаат обврска да пријават девизи до износ од 10.000 евра, поради што на лицето пронајдените 6.000 евра му се ослободени и вратени.
Привремено се задржани 33 чекови со вредност од 99.099 евра, а против лицето е започната прекршочна постапка./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 32-годишник од Скопско, превезувал прехранбени производи без документација

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од село Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Имено, при преглед на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација.
Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.