Црна хроника
Велешанец нападнат и ограбен кај Судска палата
Дваесет годишен велешанец во петокот попладне е ограбен и физички нападнат од три непознати лица во непосредна близина на Судска палата, соопшти полицијата.
Напаѓачите го пресретнале велешанецот, две од лицата му се обратиле, а откако виделе дека не знае албански, му се обратиле и на македонски јазик барајќи му пари, додека третото лице од задниот џеб насилно му го одзел паричникот и ги извадил парите.
Оштетениот успеал да го земе новчаникот и побегнал кон Железничка станица, но лицата го стасале и физички го нападнале удирајќи го со клоци и тупаници во пределот на главата и телото, нанесувајќи му видлива повреда во вид на оток во пределот на носот.
При бегањето нападнатиот ја свиткал и повредил ногата за што му е укажана лекарска помош во МЦ-Велес, каде од страна на доктор е констатирана скршеница на глуждот.
ПС-Центар превзема мерки за пронаоѓање на сторителите. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ловни пушки и патрони пронајдени при претрес во Десово
Врз основа на судска наредба издадена од Основен суд Прилеп, вчера полициски службеници од Полициското одделение Ропотово извршиле претрес во домот и други простории на М.У.(28) од с.Десово, Општина Долнени.
При претресот пронајдени и одземени биле две ловни пушки и 11 патрони за ловна пушка.
Лицето било лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повредена 22-годишна девојка од Гевгелија, во неа удри „тојота“
Вчера во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, патничко возило „тојота ајго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(27) од Скопје, удрило во Б.М.(22) од Гевгелија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници, меѓу нив и малолетно дете
На 27.11.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Чаир, М.С.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Скоевска“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 27.11.2024 во 10.50 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Ј.(63) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 27.11.2024 во 10.10 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.М.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.