Црна хроника
Крвава пресметка во Кондово, еден ранет со нож

Кондовец е ранет со нож во пределот на рамото во тепачка што се случила во петок вечер во Кондово.
Како што соопшти полицијата, во тепачката учествувале В.А.(1998) од една страна и Б.Ф. и Б.Ф (двајцата на возраст од околу 16-17 години) од друга страна, при што на В.А. му е нанесена убодна рана.
Полицијата трага по сторителот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Истрага против скопјанец кој криел марихуана во дворот на сосетката

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишен скопјанец, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Според информациите, осомничениот неовластено заради продажба држел марихуана, со вкупна нето маса од 1.512,2 грама. Дрогата била спакувана во три полиетиленски пакувања завиткани со транспарентна фолија, а осомничениот ги чувал скриени во дворот на негова сосетка во Ѓорче Петров. Извршувајќи работи во дворот, сосетката ја пронашла дрогата и една дигитална вага со остатоци од марихуана.
Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Драма во Арачиново: Дваесет и двегодишник ја грабнал неговата малолетна девојка од дома

Шестнаесетгодишна девојка била насилно однесена од нејзиниот дом, од страна на нејзиниот 22 годишен дечко од Арачиново.
Случајот во полицијата во Арачиново, синоќа го пријавила мајката на девојката.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Маж пронајден со убодна рана на улица во Скопје

Дваесет и деветгодишен маж бил пронајден вчера на на улицата„Втора македонска бригада“ во Скопје.
Мажот имал убодна рана, информираат од МВР.
Тој бил префрлен во Ургентен центар за укажување на лекарска помош.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци