Европа
Порошенко потпиша закон за економски санкции против Русија
Претседателот на Украина, Петро Порошенко, истакна во средата дека мировната мапа потпишана минатата недела меѓу Украина и проруските бунтовници предвидува зачувување на концептот на суверена, обединета земја во нејзините сегашни граници, пренесуваат украинските медиуми.
„Протоколот што беше потпишан во Минск минатиот петок предвидува обновување и зачувување на украинскиот суверенитет на целата територија во источна Украина, вклучувајќи ја и онаа под контрола на проруските бунтовници“, истакна украинскиот претседател, пренесува Reuteurs.
Порошенко во средата потпиша закон со кој се отвора патот за воведување економски санкции против компании и поединци.
Законот, усвоен од парламентот во август, како што се очекува, треба да ги погоди компаниите и поединците во Русија за кои постои сомнеж дека давале поддршка и ги финансирале проруските борци кои се бореле против украинските сили на истокот од Украина.
Владата веќе подготвила листа со 172 државјани на Русија и други земји, како и листа со 65 руски компании, вклучувајќи ја и нафтената компанија „Газпром“, на која можно е да и’ бидат воведени санкции поради „финансирање тероризам“, иако Киев кон оваа компанија има долг од повеќе милиајрди американски долари.
Порошенко рече дека и покрај договорот за прекин, многу тешко може да се одржи прекинот на огнот, бидејќи „терористите се обидуваат постојано да ги провоцираат“ киевските сили.
Украинскиот претседател најави дека идната седмица ќе поднесе до парламентот нацрт закон со кој се предвидува да им се даде специјален статус на некои области во регионот на Донецк и Луганск, а кои во моментов се под контрола на проруските сили, пренесува Reuteurs./крај/мф/ап
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Голем пожар во фабрика во Берлин, жителите предупредени да го избегнуваат подрачјето
Голем пожар во фабрика во Берлин-Лихтерфелд, која произведува системи за противвоздушна одбрана што се користат на бојното поле во Украина.
Противпожарната бригада предупредува на отровен чад, пренесува „Билд“.
‼️ A defense-industrial company factory is on fire in Berlin
According to media reports, a fire with toxic smoke occurred at a metallurgical plant of the defense-industrial company Diehl. The company is the main contractor of the IRIS-T production program and ammunition for this… pic.twitter.com/jZBBXTEdSm
— NEXTA (@nexta_tv) May 3, 2024
Адријан Венцел, портпарол на берлинската противпожарна бригада, изјави за Билд:
„Целосно изгореа четири ката од зградата. Дел од неа е веќе урнат, а ја гаснеме однадвор. Пожарот повеќе не може да се стави под контрола однатре.
Дежураат околу 160 пожарникари. Спасувачите носат заштитни одела.
Можеме да потврдиме дека во зградата биле запалени и хемикалии. Таму биле складирани сулфурна киселина и бакар цијанид. Постои ризик да се формира водород цијанид и да се издигне во воздухот со чад“, додаде портпаролот.
Противпожарната бригада го информираше населението преку апликации за предупредување.
Feuer mit Explosionen in Berlin Lichterfelde am 03.05.2024 #Feuerwehr #brand pic.twitter.com/4hZG5XekU0
— Niko (@nl_an) May 3, 2024
Станува збор за фирма „Diehl Metal Applications“ која има сопствен систем за доработка на метални површини во објектот.
По проценка на временските услови и соодветниот правец на ветерот, чадот од фабриката се пресели на север. Противпожарната бригада советува избегнување на просторот околу претпријатието, затворање на прозорците и вратите и исклучување на вентилацијата и климатизацијата.
Сојузната држава Берлин издаде официјално предупредување за опасност, советувајќи ги луѓето да ја избегнуваат областа.
Учениците и наставниците од околните училишта беа испратени дома.
Во е-пошта до родителите, една гимназија испратила порака во која ги замолува учениците да останат дома.
Засега нема информации за причината за пожарот, но соопштено е дека нема повредени.
Европа
Борис Џонсон го вратија од гласање, дојде без лична карта: се обиде да го заобиколи сопствениот закон
Борис Џонсон (59), поранешниот британски премиер, во четвртокот бил вратен од избирачкото место, откако се обидел да гласа без лична карта, односно документ со фотографија. Како што пренесува „Гардијан“, Џонсон се обидел да го измами сопствениот закон, бидејќи токму за време на неговиот мандат во Велика Британија била донесена одредба со која се барал документ со фотографија за гласање.
Џонсон, кој поднесе оставка во 2022 година по мандатот обележан со бројни скандали, беше предупреден на избирачко место во Оксфордшир (Јужна Англија) дека мора да го има потребниот документ за докажување на неговиот идентитет. На гласачкото место му дозволија да гласа на локалните избори кои се одржаа низ цела Англија.
Портпаролот на поранешниот премиер изјави дека Џонсон гласал за конзервативците. Тој не ги демантираше пишувањата на медиумите дека поранешниот премиер немал лични документи со фотографија. Минатата година на изборите по промената на законот, околу четири отсто од испитаниците се изјасниле дека не гласале токму затоа што немаат документ со фотографија. Тоа е нешто помалку од околу 800.000 гласачи.
Владата на Џонсон го промени изборниот закон за да ја ограничи можноста за изборен фалсификат, а опозицијата остро ги критикуваше властите за потенцијално обесправување на делови од гласачкото тело. Претходно, гласачите требаше да го дадат само своето име и адреса за да гласаат.
„Мислам дека не е неразумно да се бара од оние што гласаат да покажат некаков доказ за идентитетот“, рече Џонсон во 2021 година за новите правила.
Ова е само последниот инцидент во неговата шарена политичка кариера. Како премиер беше снимен како се крие во фрижидер додека новинарска екипа го бараше за интервју, пренесува медиумот.
Истражувањето спроведено од „YouGov“ покажало дека 14 отсто од Британците пред локалните избори не знаеле дека постои правило за идентификација на гласачите со помош на лични документи.
Европа
Захарова: Секоја агресија врз Крим ќе биде проследена со силна одмазда
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска ги предупреди Вашингтон, Лондон и Брисел дека сите агресивни дејствија против Крим и мостот на Крим се осудени на неуспех и ќе бидат одговорени со силна одмазда.
„Би сакала повторно да ги предупредам Вашингтон, Лондон и Брисел дека сите агресивни дејства против Крим не само што се осудени на неуспех, туку и ќе бидат одговорени со силна одмазда“, рече Захарова на прес-конференцијата, пренесе ТАСС.
Крим е полуостров со оспорен статус, тој е под де факто контрола на Русија и е поделен на два субјекта на Руската Федерација, Република Крим и град со федерален статус Севастопол, пренесува медиумот.
Украина го смета Крим за дел од својата територија и не ја признава неговата анексија кон Русија.