Црна хроника
Охриѓани бесправно изградиле локал и плажа на туѓо земјиште
Двајца охриѓани бесправно изградиле угостителски објект и плажа во населбата Св. Стефан во Охрид, а кога нивен сограѓанин го купил земјиштето за да го користи, тие му се заканувале со цел да се откаже од таквата намера.
Двајца охриѓани бесправно изградиле угостителски објект и плажа во населбата Св. Стефан во Охрид, а кога нивен сограѓанин го купил земјиштето за да го користи, тие му се заканувале со цел да се откаже од таквата намера.
Лицата Ј.М. (35) и Ц.М. (36) од Охрид од 15. јуни 2010 до 15 јуни. 2011 имале право на користење на земјиште со површина од 264 метри квадратни на крајбрежјето во населбата Св. Стефан во Охрид, кое е во сопственост на МПЦ Дебарско-кичевска епархија.
По истекот на едногодишниот договор, Ј.М со лицето И.К. од Охрид бесправно го продолжиле користењето на просторот во 2012 и 2013 година, бесправно го уредиле за обавување на угостителска дејност, го користеле и го издавале под закуп на други лица. Тие неовластено извеле градежни активности, поставиле угостителска опрема, без добиена согласност од ЕВН користеле електрично напојување и без добиена согласност од ЈП„Проаква“ користеле водоснабдување.
Во 2013 сопственикот на угостителскиот објект „Свис“ склучил договор за купување на истото земјиште што се наоѓало непосредно до неговиот локал.
Но, тој не го остварил корисничкото право поради сериозните закани што му ги упатиле Ј.М. и Ц.М.
Тие го присилувале сопственикот на „Свис“ да им ги конпензира нивните претходно направени трошоци од повеќегодишното средување на просторот со плажата, што според нивна пресметка изнесувала околу 100.000 евра.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М. и Ц.М. поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „изнуда“.крај/мф/сд
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

