Црна хроника
Три лица, меѓу кои деца, убиени во пукање во САД
Најмалку три лица, од кои две деца според првичните сознанија, загинале во пукање во семен дом во американскиот град Денвер, јави во средата Associated Press повикувајќи се на локалната полиција.
Инцидентот се случил во средата наутро по локално време во северниот дел од градот. Во пукањето уште едно дете било рането и е пренесено во најблиската болница.
Засега не се изнесуваат детали за оваа трагедија, а непознати се сé уште и мотивите.
Денверската полиција соопшти само дека две деца под 10 години и една жена се убиени, а трето дете е повредено
Полицискиот потполковник Мет Мареј рекол дека повреденото дете е во критична состојба. Иследниците очекуваат налог повторно да влезат во куќата, јавува Sky News повикувајќи се на локалната телевизија КUSA-TV.
Мареј изјави ли дека „изгледа оти станува збор за изолиран инцидент. Сега разговараме со сведоци, но немаме индикација дека во куќата е оној што пукал или дека исчезнал низ Денвер“.
Местото на злосторството се наоѓа во индустриска зона, опкружено со магацини и камионски терминал, во близина на комплекс за продажба на големо. Според соседите, куќата неодамна била продадена./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

