Црна хроника
Две деца во болница, а четири автомобили оштетени по пожар во подземни гаражи во Скопје

Во скопската полиција, рано утрово, околу 3 часот по полноќ било пријавено дека во подземни гаражи на улицата Седма албанска бригада настанал пожар при што биле опожарени три возила: „ауди“, „опел астра“ и „фолксваген пасат“, а оштетено било и „бе-ем-ве“, сите со скопски регистарации.
Пожарот бил изгаснат од екипа на скопската бригада за противпожарна заштита, а од екипа на Итна медицинска помош на местото на настанот помош им била укажана на 15 станари кои вдишале чад.
Тие се во добра здравствена состојба, додека две деца, поради вдишување чад биле пренесени на опсервација во Клиниката за токсикологија.
Надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
*Фотографијата е илустрација, а не од конретниот случај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Центарот за социјални работи пријави обљуба врз малолетник на Бит-пазар

На 14 октомври, околу 00:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот, информира МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Тинејџер ја нападнал 18-годишната девојка во Скопје

Oсумнаесетгодишна девојка пријави во МВР дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот 19-годишен партнер од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
83-годишник паднал од мотор во Струмичко, тешко повреден

Вчера во селото Зубово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа. Како што информира МВР, 83-годишниот К.С. од Зубово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Струмица.