Европа
Нови тунели од ВСВ откриени во Полска во потрагата по ‘златниот воз’

Досега непознат комплекс тунели изградени од нацистичка Германија во текот на Втората светска војна, се откриени во југозападна Полска, во покраината Долна Шлезија, во близина на градот Валбжих, каде што наводно се најдени траги на ткн „златен воз“, мистериозната железничка композиција којашто наводно пренесувала драгоцености и според преданијата е загубена во некој од тајните подземни тунели, во чија потрага е вклучена деновиве и полската војска.
Под „Златниот воз“ во полските медиуми се подразбира блиндираната композиција која била долга околу 150 метри, којашто превезувала доверливи документи, драгоцени предмети, скапоцени камења и злато. Возот кон крајот на Втората светска војна тргнал од германската тврдина Бреслау, сега полскиот град Вроцлав, во Валбжих, по што таинствено исчезнал. Научниците и трагачите по богатства сметаат дека возот криејќи се од советската авијација сопрел во еден од тунелите, чиј свод се урнал како последица од бомбардирањата.
Првпат за можното пронаоѓање на „златниот воз“ беше објавено кон крајот на август годинава, во програмата на Радио Вроцлав. Двајца жилети на Волбжих тврдеа дека пронашле траги од возот во кој имало големо количество злато, драгоцени камења и оружје. Полјакот и Германецот, според полските медиуми, кои тврдат дека знаат во која област е сокриен возот, побараа од властите 10 отсто од вредноста на она што ќе биде пронајдено во вагоните. Според медиумите, возот наводно се наоѓа во германски таен тунел меѓу 61-от и 65-от километар од железничката линија Вроцлав – Балбжих, меѓу станиците „Свеводзице“ и „Валбжих-Шчавенко“.
Полскиот истражувач Кшиштоф Шпаковски информираше во петокот на прес-конференција за новото сензационално откритие на новите тунели во областа на Валбжих.. Според него, станува збор за дел од познатиот нацистички подземен комплекс Reise, кој се наоѓа во Совинските планини во Долна Шлезија.. Некои делови од овој комплекс се одамна откриени и се достапни за туристите. Истовремено, истражувачите сметаат дека постојат и други тунели и други подземни објекти, до кои пристапот го блокирале самите нацисти, при повлекувањето.
„Тоа се три објекта, кои се поврзани меѓусебно. Објектите се наоѓаат во планините на длабочина од 20 метри под површината“, изјави Шпаковски. Според него, покрај тунелите под земјата се наоѓа и комплекс на повеќе нивоа од цврсти градби. Истакна дека први во тунелите ќе влезат екипите за разминирање на теренот. „Внатре може да има сешто, технички уреди, оружје, како и инфраструктура типична за бункерите. Комплексот Riese бил огромен бункер, кој во случај на атомски напад требало да служи како засолниште за Хитлер и неговите најблиски соработници“, вели полскиот истражувачот.
Локалниот функционер Јацек Чихура потврдил дека на територијата на хмината, најмалата административна единици во Полска, Валим е откриена досега непозната подземна структура коридори./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин