Скопје
Општина Центар најавува кривична одговорност за општина Чаир за спомениците на албанските дејци
Општина Центар најавува кривична одговорност доколку се докажат наводите дека општина Чаир незаконски ги поставила спомениците на албанските дејци спроти Собрание, во „Жена парк“.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски ги задолжил надлежните инспекциски служби да ги истражат наводите дека Општина Чаир асистирала и го реализирала ноќното поставување на спомениците, спротивно на Законот и надлежностите.
„Доколку се констатира дека општина Чаир бесправно ги поставила спомениците, кон неа ќе бидат превземени сите законски мерки, вклучувајќи и кривична одговорност. Општина Центар ќе побара од општина Чаир да каже во која постапка е избран изведувачот за поставување на спомениците и која е компанијата која бесправно ги постави спомениците. Сосема е јасно дека општина Чаир ниту може ниту има надлежност да издава одобрение за поставување на споменици на територијата на друга општина“, се вели во реакцијата на општина Центар.
Оттаму велат дека тие воопшто не биле запознаени и не учествувале во ноќното, тајно поставување на трите споменици. Според договорот склучен меѓу претходното раководство на општина Центар и леарницата Гуастини, надлежна за изработка, транспорт и поставување на спомениците е исклучиво леарницата.
Според нив, коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја дефокусираат јавноста од актуелната политичка состојба.
„Во својот добро препознатлив стил, ноќе, за викенд и пред празник, далеку од очите на јавноста, Владата на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ги постави преостанатите три споменици, нарачани од претходното раководство на општина Центар“, реагираат од Општината.
Ноќеска спроти Собранието беше поставен споменик на албанскиот писател Пјетр Богдани.
Од Италија пристигнале и другите два споменици, на Неџат Аголи, прв министер за здравство во Владата во 1945 година, и поетот Јосиф Багери.
Споменикот на Јосиф Багери викендов ќе биде поставен во близина на новиот Македонски театар, а споменикот на Неџат Аголи ќе биде поставен пред зградата на Телеком./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Комунална хигиена-Скопје продолжува со активностите за расчистување на снегот во сите скопски општини
И во текот на вчерашното деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во три смени реализираа активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, како и во пешачките зони во централното градско подрачје, велат од Комунална хигиена-Скопје.
Воедно, во скопската општина Чаир беа спроведени и вонредни активности за отстранување неколку диви депонии лоцирани на улиците Џон Кенеди – до ООУ „Васил Главинов“, Славеј Планина – во непосредна близина на скопското Теќе и булеварот Крсте Мисирков – зад т.ц. Мавровка.
Во рамките на овие активности беа подигнати и транспортирани вкупно 50 кубни метри непрописно одложен отпад, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Скопје
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје реализира активности за расчистување на снегот во сите скопски општини
Вчера, ЈП Комунална хигиена-Скопје со максимална ангажираност на сите расположливи работници во три смени спроведуваше активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците и одвивање на сообраќајот.
„Активности за расчистување на снегот и мразот беа реализирани и во централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, како и Старата чаршија. Екипите на Претпријатието го расчистуваа и реонот околу Градската болница, Државната болница, Владата и Собранието на РМ, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, и „Слобода“, како и сите пешачки мостови. ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со активностите за расчистување на снегот и мразот и во текот на денешниот ден и претстојната ноќ“, соопштија од ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Скопје
Герасимовски: Екипите на Центар на терен, се фрла сол и се расчистуваат улиците, тротоарите и пешачките патеки
Синоќа на терен беа ангажирани четири големи возила и две мали, при што интензивно се посипуваше со сол и се работеше на расчистување на улиците во населбите: Мало Курило, Водно, Дебар Маало, Маџир Маало, Кале, Капиштец и Крњево.
Утринава се чистат тротоарите и приодите до јавните установи, како што се амбуланти, здравствени и пензионерски домови, детски градинки, со цел да се обезбеди безбедно движење за сите граѓани.
„Апелирам до жителите, како и до сопствениците на малите бизниси и ресторани, да го одржуваат чистотата пред своите објекти. Особено е важно приодите да бидат ослободени од снег и мраз, за да се овозможи безбедно движење за сите. Нашите тимови постојано ја следат состојбата и вложуваат максимални напори за одржување на улиците проодни. Заедно можеме да создадеме побезбедни улици за сите”, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.
Досега се расчистени главните сообраќајници, собирните улици и сервисните патишта во станбените зони, за да се овозможи непречено реализирање на секојдневните обврски на граѓаните.