Македонија
Мицкоски и Јанушев на средба со шефицата на ОБСЕ во Македонија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Генералниот секретар Игор Јанушев и советникот за надворешна политика Стефан Андоновски имаа средба со шефицата на Мисијата за набљудување на изборите ОБСЕ/ОДИХР во Македонија, Тана де Зулуета и заменик шефицата на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР Мартина Баркер Циганкова.
На средбата се разговарало за актуелната политика ситуација во Македонија и предвремените парламентарни избори при што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рекол дека со цел заштита на здравјето на граѓаните потребно е одлагање на истите.
Мицкоски потенцираше дека ова е ситуација кога човек одбира помеѓу личниот и интересот на државата и граѓаните, бидејќи сите препораки на релевантните домашните и светските организации се дека најдобар одговор во справување со вирусот е одбегнување на активности и задржување во домовите.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека за таа цел утрово побара свикување на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски со точка на дневен ред разговор одлагање на предвремените парламентарни избори со цел заштита на здравјето на граѓаните, бидејќи потребно е одговорно однесување, кон граѓаните и државата.
Мицкоски додаде дека секој човечки живот вреди и затоа нема да дозволи да се загрози животот на македонските граѓани кои по преземањето на власта од ВМРО-ДПМНЕ треба да очекуваат одговорност за водење на државата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ воедно нагласи дека владата треба да ги прифати економските мерки и понудената рака на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи Македонија не смее да си дозволи стотици банкротирани компании, а овие мерки се неопходност за спас на македонската економија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

