Црна хроника
Приведен раководител на подружницата на ЕВН во Куманово, осомничен за примање поткуп
– фото илустрација
Кумановската полиција го уапси Раководителот на КЕЦ Куманово во ЕВН Македонија АД Скопје под сомнение дека примил поткуп.
Кумановската полиција го уапси Раководителот на КЕЦ Куманово во ЕВН Македонија АД Скопје под сомнение дека примил поткуп.
По предходно добиени оперативни сознанија и превземени оперативно тактички мерки во петокот (11.12.), полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Ј.(55) од Скопје, вработен како Раководител на КЕЦ Куманово во ЕВН Македонија АД Скопје. Во текот на денешниот ден М.Ј. е спроведен во ОЈО Куманово поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање поткуп“.
Имено, оштетениот кој е сопственик на приватно претпријатие од Куманово кое со ЕВН Македонија од 2014 година имало склучено Рамковна спогодба за сервисирање, реконструкции и монтажа на енергетскиот систем, во четвртокот (10.12) бил повикан од страна на пријавениот, кој директно му побарал до крајот на годинава да му биде исплатена сума од 3.000 евра на име одобрување за наплата на доспеаните фактури, како и заради понатамошно работно ангажирање на неговото приватно претпријатие.
Од страна на оштетениот настанот е пријавен во СВР Куманово и по дадени насоки од страна на Јавниот обвинител од ОЈО Куманово, од оштетениот со Записник привремено се одземени 600 евра и 3.000 денари над кои е извршено криминалистичко техничка обработка, по што истите се вратени на оштетениот.
Вчера, во попладневните часови, врз основа на предходниот договор оштетениот дошол во КЕЦ Куманово и во канцеларијата на М.Ј му ги предал парите. Од страна на полициските службеници од СВР Куманово врз основа на издадена Наредба од Основен суд Куманово извршен е личен претрес на пријавениот при што му се пронајдени предходно криминалистичко-технични обработените банкноти кои со Потврда за привремено одземени предмети му се одземени.
Инаку, во период од крајот на 2014 година па се до почетокот на месецот ноември 2015 година, М.Ј. директно, во повеќе наврати, од оштетениот во вид на награда за наводна успешна меѓусебна соработка побарал и на рака примил сума од 9.500 евра, односно се вкупно побарал и примил сума од 10.100 евра и 3.000 денари. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

