Црна хроника
Кривични пријави за граѓани од Куманово за непочитување на здравствените прописи
Кривична пријава против двајца кумановци поради непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата. Едниот не ја почитувал мерката самоизолација по враќањето од странство, а другиот не го затворил ресторанот и во него биле затекнати лица со пијачки.
Едниот пријавен, враќајќи се од Белгија, како ризична земја утврдена на листата на СЗО, на 17.3.2020 влегол во земјата преку ГП Меѓународен аеродром „Скопје“, при што потпишал изјава за спроведување задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Куманово на 18.3.2020 тој не е пронајден на адресата што ја навел во изјавата.
На 18.3.2020 пријавениот, како сопственик на угостителскиот објект „Олимписко дерби“, лоциран во Куманово на улицата Моша Пијаде бр. 196, постапувал спротивно на издадената мерка од Владата на РСМ, при што објектот бил отворен и во него биле затекнати две лица кои пиеле во објектот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.
Црна хроника
Гостиварец ја позајмил колата од негов братучед и ја продал за 4.500 евра
Гостиварец ја позајмил колата од братучед му и без негово знаење ја продал за 4.500 евра.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 26.09.2025, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а потоа го продал за 4.500 евра на друго лице од Скопје.
Топ
Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница
Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил.
Според информациите на МВР, вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

