Црна хроника
Фатен трговец на кокаин
Дваесет и осумгодишниот Љатифи Зекрија, вчера е уапсен со 35 пакетчиња кокаин, при што е поднесена пријава против него, соопшти полицијата
Во петокот, еден час по полноќ, на булеварот „Партизански одреди” полицијата сопрела автомобил „Ауди А-3″ со скопски регистарски таблички управувано од З.Л. кај кого се пронајдени 35 паковки со опојна дрога кокаин.
Пријавениот, притоа, се обидел да побегне од местото при што со неколку удари со тупаници нападнал едно од полицијаците во пределот на главата, но бргу е доведен во послушност и е приведен во ПС Кисела Вода
Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.Л. (28) од Скопје поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги , психотропни супстанци и прекурзори„ и „Напад на службено лице при вршење работи на безбедност”.
На пријавениот од страна Истражен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
При реализацијата на случајот пронајдени се и одземени вкупно 10,08 грама наркотична дрога кокаин.
Имено, по претходно добиено оперативно сознание дека Латифи Зекирија, подолго време се занимава со недозволена трговија со наркотична дрога СВР Скопје, превзема соодветни мерки и активности за обезбедување на материјални докази и фаќање на криминалецот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена дрога во тетовско, уапсени две лица
Вчера во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20) двајцата од с.Боговиње.
При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени двајца малолетници од Скопје, не застанале на полициска патрола, со мотоцикл удриле полицаец
Ноќеска во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје.
При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди.
Набргу, по преземени мерки мотоциклот е запрен и тие се фатени, при што малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Топ
Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница
Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне.
Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил ангажиран на работа.
По несреќата, повредениот бил пренесуван кон болницата, но им подлегнал на повредите за време на транспортот.
На местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, а по нивна наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на локацијата извршила екипа од ОВР Дебар.

