Регион
Белград до понеделник ќе одлучи за посетата на Рама
Српскиот и албанскиот премиер, Александар Вучиќ односно Еди Рама изменија пораки преку социјалната мрежа Twitter во врска со инцидентот на фудбалскиот натпревар меѓу селекциите на двете земји игран во Белград претходно седмицава, кое ја доведе во прашање посетата на Рама на Србија закажана за 22-ри октомври.
Српскиот и албанскиот премиер, Александар Вучиќ односно Еди Рама изменија пораки преку социјалната мрежа Twitter во врска со инцидентот на фудбалскиот натпревар меѓу селекциите на двете земји игран во Белград претходно седмицава, кое ја доведе во прашање посетата на Рама на Србија закажана за 22-ри октомври.
Претходно во саботата најголемата опозициска партија во Албанија, Демократската партија побара од премиерот Еди Рама да не патува за Белград на 22-ри октомври, додека косовскиот премиер Хашим Тачи оцени дека премиерот на Албанија не треба да се плаши и треба да ја реализира закажаната посетата.
„Голема Албанија е кошмар за Србија, но и за целиот свет и треба да се спречи“, напиша на својот профил на социјалната мрежа српскиот премиер Александар Вучиќ
Тоа беше во одговорот на неговиот албански колега Еди Рама кој ја постави пораката дека Голема Албанија не е проект на Албанија, туку дека тоа е кошмарот на Србија. „Нормална Србија ќе биде можна доколку реална Србија сфати дека нивниот кошмар наречен Голема Албанија не е наш проект“, напиша албанскиот премиер.
Во својот одговор Вучиќ порача и дека Албанија не е само кошмар на Србија. „Луѓето коишто велат дека Голема Албанија е наша кошмар апсолутно се во право. Но, тоа не е сам наш кошмар, туку кошмар и на Европа, на целото човештво, а ние ќе го сториме сето она што е неопходно да ја спречиме. Се надеваме дека нормалните Албанци ќе ја разберат оваа порака“, напиша Вучиќ.
Посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Белград беше закажана за 22-ри октомври, но неговото доаѓање во српската престолнина беше ставено под прашање по инцидентот со знамето со картата на ткн Голем Албанија и ликовите на двајцата албански политички дејци од почетокот на минатиот век кое на стадионот на Партизан беше внесено со летало на далечинско наведување. Инцидентот предизвика тепачка на теренот и безредија на трибините, а натпреварот н ебеше продолжен и се чека одлуката на УЕФА.
Еди Рама во повеќето изјави даден по инцидентот, меѓу другото, истакнуваше дела е подготвен да дојде во Белград, а пота и дека од српските власти зависи дали ќе го поканат на претходно договорената средба. Рама притоа оцени дека односите меѓу Белград и Тирана не можат да бидат заложници на еден фудбалски натпревар, бидејќи, како што истакна, „се навлезе во фазата на помирување“.
Српскиот премиер Александар Вучиќ во петокот истакна дека „во текот на викендот ќе биде одлучено“ дали воопшто ќе дојде до средбата која претходно беше оценета како „шанса за ресетирање на односите по долгата историја на напнатости меѓу Србија и Албанија. Вучиќ рече и дека врз основа на истрагата за инцидентот сега се знае повеќе „дека се знае кога извесни лица влегле во земјата и кои се тие лица и кој со кого се договарал“.
Односите меѓу Белград и Тирана сериозно се заострија по инцидентот од квалификацискиот меч за Европското фудбалско првенство во со знамето на ткн Голема Албанија на којашто беа опфатени териториите на Албанија, Косово, западна, Македонија, јужна Србија, како и делови од Црна Гора и од Грција. Двете влади по овој повод разменија доста остри демарши.
Српската полиција и тамошното министерство за внатрешни работи го задржаа во ВИП ложата на стадионот Олси Рама доведувајќи го во поврзаност со организирањето и раководењето со инцидентот. Но братот на албанскиот премиер беше пуштен, бидејќи наводно се легитимирал со пасош на САД и се повикал на американското државјанство, а подоцна беа пуштени и другите членови на официјалната албанска делегација кои со полициска придружба беа испратени на белградскиот аеродром од каде што одлетаа за Тирана./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

