Црна хроника
Глоба од 2.000 евра за арачиновец кој не ја почитувал мерката за изолација

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог до Основниот кривичен суд Скопје за издавање казнен налог против жител на Арачиново кој се товари за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, при влез на граничниот премин Табановце на 17 март, доаѓајќи од Швајцарија како ризична земја за ширење на коронавирусот Ковид-19, потпишал изјава дека ќе остане во задолжителна домашна самоизолација во период од 14 дена. При извршена проверка, на 19 март не бил пронајден во неговиот дом во Арачиново.
Основното јавно обвинителство Скопје му предложи на Судот на обвинетиот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во износ од 20 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетници ограбиле жена на улица во Карпош

Двајца малолетници ограбиле жена на улица во Карпош.
Според информациите на МВР, вчера во 10.00 часот во СВР Скопје В.Т.(62) од Скопје пријави дека околу 06.00 часот на подрачјето на Карпош две малолетни лица со употреба на физичка сила и ја одзеле чантата, во која имало пари, мобилен телефон, лични документи и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Вработена во Ургентниот центар нападната од нејзин колега

Скопјанка пријавила во полиција дека била нападната од вработен во Клиниката „Мајка Тереза“.
Според информациите од МВР, вчера С.А.(51) од Скопје пријави дека во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била физички нападната од Г.В., двајцата вработени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Вработена во основно училиште во Тетово нападнала ученик

Вработена во основно училиште во Тетово нападнала ученик.
Според информациите на МВР, СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.С.(43) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање при вршење на службата“.
На 30.05.2025 во основно училиште во Тетово, пријавената- вработена во училиштето, физички нападнала ученик во училиштето.