Регион
Караџиќ бара од ОН истрага за болестите во Хаг

Хашкиот обвиненик Радован Караџиќ му се обрати на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун со писмо, во кое го предупреди на алармантно високиот број на малигни заболувања меѓу обвинетите во притворската единица на ОН во Хаг и го повика да побара истрага.
Караџиќ наведе дека имало случаи и на два ненадејни смртни случаи, две самоубиства и 11 заболени од рак или леукемија, истакнувајќи дека нему му било оперирано жолчното кесе и дека ненадејно му скокнала количината на шеќер во крвта, иако пред доаѓањето во Хаг бил здрав.
Поранешниот политички лидер на босанските Срби Караџиќ го повика ОН, заедно со Црвениот крст и Светската здравствена организација, бидејќи надлежни во Хаг го одбиле предлогот за покренување на истрага за зачестените тешки заболувања во притворот.
Тој му се пожали на Бан и на правосудниот систем по кој се суди во Хаг, бидејќи тој е непознат во поранешна Југославија, како и поради тоа што судењата се на странски јазик, што секогаш е на штета на обвинетиот.
Караџиќ наведе дека судењата трајат предолго, а дека многу пресуди се донесени врз основа на непознат правосуден систем во поранешна Југославија и по обвинувања за дела кои бие дозволени и задолжителни според југословенските закони. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.