Македонија
31-годишниот скопјанец починал по распад на белите дробови, единствен ризик фактор била дебелината
31-годишниот пациент кој претпладнево починал на Инфективната клиника во Скопје е најмладиот починат пациент во Македонија од коронавирус. Бил примен во болница пред шест дена, а единствен ризик фактор кај него била дебелината.
Министерот за здравство вели дека ја имал најтешката форма која е досега опишана во медицинската литература за компликации од коронавирус.
„Кај помладиот починат пациент имаше нагло влошување на состојбата. Веднаш е поставен на респиратор меѓутоа неговата клиничка слика е со крвавење и практично распад на белите дробови. Еден ризик фактор кај него е обезноста што ја имал. Обезноста во вакви случаи е ризик фактор“, рече министерот Филипче.
Тој е од Скопје, а како се заразил со коронавирус министерот најави дека дополнително ќе информира откако ќе се провери неговата епидемиолошка анкета. 31 – годишниот пациент бил примен на Инфективната клиника на 23 март.
Почнатиот 31- годишен скопјанец министерот Филипче вели дека треба да ги убеди сите досега неубедени во сериозноста на вирусот.
„ Денес имаме и еден млад човек којшто почина. Тоа е доказ дека вирусот не штеди никого, никој не е имун, ниту е заштитен. Стануваше збор за најтешката можна форма на клиничка манифестација на оваа болест. Сите кои досега не беа убедени за сериозноста на вирусот, сега верувам дека им е јасно дека ова е многу сериозна закана. Дека мораме сериозно да се однесуваме. Нема да биде лесно, апелирам сите да ги почитуваат препораките, да не се шири паника, да се однесуваме одговорно. Оваа борба зависи од секој еден од нас“, рече министерот Филипче.
Тој потсети дека помина нешто повеќе од еден месец откако беше регистриран првиот случај на заразен од коронавирус кај нас. Кривата на болеста се искачува линеарно, не експоненцијално и сите пријавени случаи може да се згрижат без пренатрупаност во болниците, но според Филипче ни претстои најтешкиот период.
„ Пред нас е најтешкиот период, бројот на зболени во светот расте, ќе расте и кај нас. Ни претстои за жал период во кој ќе расте и бројот на починати, за ова сите мораме да бидеме свесни. Ние сме се уште во еден вид на војна со вирусот Ковид – 19. Сакам да уапатам јасна порака дека влегуваме во вториот месец од оваа пандемија која целосно го промени животот, донесе страв, донесе несигурност“, рече министерот Филипче.
Покрај 31-годишниот пациент, Филипче денес извести и за починат 91- годишен пациент, исто така од Скопје, со што сега вкупно шестмина починаа од коронавирусот во Македонија.
По прес-конференцијата на министерот, Министерството за здравство информираше за уште двајца новозаразени од коронавирус со кои вкупната бројка се искачи на 259 пациенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.

