Свет
Номинацијата на Московици го подели јавното мислење во Франција

Номинацијата на Французинот Пјер Московици за еврокомесар за економски прашања во новата Европска комисија (ЕК) предизвика силни реакции од левицата и десницата на француската политичка сцена, пишува Euractiv.
Номинацијата на Французинот Пјер Московици за еврокомесар за економски прашања во новата Европска комисија (ЕК) предизвика силни реакции од левицата и десницата на француската политичка сцена, пишува Euractiv.
Со неговата номинација за оваа позиција, Франција успеа во намерите да го добие економското портфолио, што беше и нејзин прв избор.
„Номинацијата е во согласност со барањата на Франција и она на што се надевавме“, изјавил францускиот владин портпарол Стефан Ле Фол.
Московици сега се соочува со тешко сослушување во Европскиот парламент (ЕП), закажано кон крајот на септември или почетокот на октомври, а се очекува критичарите да ја стават во прашање способноста на Московици да ја задржи Франција во рамките на Пактот за стабилност и раст, кој го ограничува јавниот дефицит на 3 проценти од бруто домашниот производ на земјата.
Поранешниот француски министер за финансии ќе може да смета на поддршката од Социјалистите во Европскиот парламент, кои сметаат дека неговата номинација преставува „голем удар за европските конзервативци“.
Социјалистите исто така потенцирале дека Московици ќе го има „важното портфолио во борбата против даночните раеви“, една од клучните точки за време на европската изборна кампања.
„Номинацијата на Пјер Московици е историска шанса за да се промени европската економска политика, со цел да заживее растот“, изјавил Хјус Баје, белгиски европратеник и член на економскиот комитет при ЕП.
Германските политичари пак, ја критикувале номинацијата на Московици, порачувајќи дека тоа било „погрешна“ одлука. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во одбрана на Французинот изјавил дека токму состојбата со јавните финансии на Франција го прави Московици идеален кандидат за оваа позиција.
„Сметав дека е важно тие што најдобро ги разбираат проблемите на одредени земји, да дојдат токму од тие земји. Нема да навлегувам во детали за состојбата на францускиот буџет, сите ги видоа бројките што беа соопштени, но Пјер Московици е вистинскиот човек за да го реши овој проблем“, изјавил Јункер во средата.
Постојат и стравови дека работата на Московици ќе биде контролирана од потпретседателите на новата Комисија, а според најавите од ЕК, Московици „тесно ќе соработува“ со потпретседателот за работни места, раст, инвестиции и конкуренција, Јурки Катаинен и со потпретседателот за еврото и социјалниот дијалог, Валдис Домбровскис, двајца од најголемите заговорници за буџетската дисциплина./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.
На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.
Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.
Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.
Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.
Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.
Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.
И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.
Економија
Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.
Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.
„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.
Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.
Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.
Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.