Црна хроника
Непознат напаѓач уби три и рани четири лица во Арканзас
Засега неидентификуван напаѓач отворил оган во дом во американската сојузна држава Арканзас, при што биле убиени три а ранети уште четири лица, пренесува Reuters повикувајќи се на локалната полиција.
Инцидентот се одиграл во саботата по локално време во градот Џонсборо. Според полицијата, неидентификуваниот маж во една куќа застрелал жена и нејзината 13-годишна ќерка. Четири лица, од кои две деца на 8 и 10-годишна возраст биле ранети Сите биле хоспитализирани, а децата се наоѓаат во критична состојба.
По овој напад во куќата, напаѓачот застрелал уште еден маж во канцеларија недалеку од местото на првиот напад. Од здобиените повреди, жртвата починала на самото место.
Според полициското соопштение, осомничениот убиец подоцна е пронајден застрелан во неговиот автомобил на блискиот автопат. Полицијата сега се обидува да утврди дали напаѓачот имал соучесник или станува збор за самоубиство.
Мотивите за масакрот не се познати, а истрагата е во тек, додала полицијата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Марихуана пронајдена во двор на основно училиште во Битола
Синоќа во 21.40 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола во двор на основно училиште во Битола била пронајдена марихуана.
Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Со закана од огнено оружје украл пари од обложувалница во Карпош
Вчера во 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Карпош, едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.
Црна хроника
Уапсен скопјанец: не застанал на полициско предупредување па удрил и полицаец
Синоќа во 23.50 часот на локалниот пат с.Идризово–клучка кај с.Кадино, скопско, полициски службеници од МЕБПС го лишиле од слобода Д.П.(48) од с.Мралино, скопско.
При вршење на контрола од страна на полициските службеници му било дадено знак за да застане со возилото кое го управувал, но тој не застанал туку продолжил со движење и удрил еден од полициските службеници, по што застанал и продолжил со агресивно однесување.
ПОлицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.