Европа
Дваесетина лица уапсени на ’Маршот на мирот’ во украински Харков

Дваесет луѓе се приведени од украинската милиција (полиција) во текот на одржувањето на забранетата манифестација „Марш на мирот“ во саботата во Харков, вториот по големина град во Украина и најголем во североисточниот дел од земјата, соопшти министерот за внатрешни работи Арсен Аваков.
Дваесет луѓе се приведени од украинската милиција (полиција) во текот на одржувањето на забранетата манифестација „Марш на мирот“ во саботата во Харков, вториот по големина град во Украина и најголем во североисточниот дел од земјата, соопшти министерот за внатрешни работи Арсен Аваков.
Најавената за во сабота манифестација на градскиот харковски комитет на Комунистичката партија на Украина под наслов „Марш на мирот“ на којашто требаше да се протестира против воените дејствија во југоисточните рускојазични региони Донбас беше забранет со одлука на судот. Претходно, советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко, изјави дека полицијата ги предупредува граѓаните за одлуката на надлежните и вети дека ќе одговори жестоко доколку во сабота во Харков дојдат на манифестацијата којашто ја забранија украинските власти.
Според министерот Аваков, митингот во Харков околу пладне во саботата веќе бил завршен. „Полицијата уапси дваесетина лица за кршење на забраната за овој антиукраински митинг. Меѓу другите, уапсена е и поранешната народна пратеничка Ала Александровскаја“, напиша Аваков на својот профил на Facebook. Според него, на поранешната пратеничка ќе биде сослушана во харковскиот оддел на украинското министерство за внатрешни работи.
Според канцеларијата на министерството за надворешни работи за регионот на Харков, вкупно се приведени 23 лица, коишто, како што се истакнува во соопштението што го цитираат украинските медиуми, „се однесуваа провокативно и ги предизвикуваа другите граѓани на радикални дејствија“. Сите задржани се милициска станица (како што се официјалниот назив за органите за спроведување на редот во Украина), каде што со нив ќе бидат извршени разговори и ќе бидат составени административни записници, се додава во соопштението.
Претходно милицијата соопшти дека и покрај забраната за одржување на манифестацијата, на настанот се појавиле околу стотина луѓе.
Харковските власти во петокот оценија дека манифестацијата „Марш на мирот: ние сме против војна“ на којашто според организаторите се очекуваа околу 1.500 учесници, „ќе биде искористен од неконструктивните сили за создавање различни конфликти“.
„Мирниот марш сакаат да го искористат за поекстремните организации за дестабилизацијата на ситуацијата во Харков“, изјави портпаролот на градските власти, Игор Терехов, пренесе порталот dialog.ua./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ковчегот на папата Франциско затворен, погребот в сабота наутро

Од средата наутро, кога телото на покојниот папа Франциско беше пренесено во базиликата „Свети Петар“, низ неа поминаа 150.000 луѓе од целиот свет. Ковчегот на папата беше затворен вечерва, а погребот ќе се одржи в сабота наутро.
Пред церемонијата на запечатување, во ковчегот на папата беа поставени 12 монети, по една за секоја година од неговиот понтификат, како и краток запис и извештај за неговото папство. Церемонијата ја водеше кардиналот Кевин Фарел, камерлегно на Светата Римска црква.
Реки верници доаѓаат во Рим за да присуствуваат на утрешниот погреб на папата Франциско, а се очекува и пристигнување на бројни делегации од целиот свет.
Во Рим се воведени строги безбедносни мерки, со илјадници волонтери и полицајци, систем против дронови, снајперисти на покривите и борбени авиони подготвени за полетување.
Европа
Жена во Шпанија ја продала новородената ќерка за 2.000 евра на двојка која не можела да има деца

Шпанската полиција уапси 37-годишна жена која ја продала својата новородена ќерка на пар кој се лекува од неплодност, јавува АФП.
Полицијата соопшти дека жената била уапсена минатиот месец во Мостолес, јужно предградие на Мадрид. Брачен пар осомничен за купување дете и двајца нивни роднини беа уапсени во јужниот град Кордоба.
Според прелиминарната истрага, жената се согласила да им ја предаде својата новородена ќерка на двојката за 2.000 евра. Сепак, по породувањето, таа се предомислила и побарала да ѝ го вратат детето.
Двојката, според АФП, одбила да го врати бебето освен ако жената не им го врати платениот износ, плус дополнителни 1.000 евра за покривање на трошоците што тврделе дека ги направиле во текот на месецот што го поминале со неа во Кордоба пред да се роди детето.
Полицијата започна истрага откако една жена поднесе жалба тврдејќи дека семејство во Кордоба го „киднапирало“ нејзиното новородено бебе. Детето е предадено во центар за заштита на деца во Кордоба. Полицијата, исто така, објави дека властите ѝ одзеле уште шест деца на жената во 2022 година поради занемарување.
Европа
Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните преговори, но само откако Русија ќе се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот.
„Целосно и безусловно примирје отвора можност да се разговара за сè“, изјави Зеленски пред новинарите во Киев.
Тој ја коментираше и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Тајм“ изјави дека „Крим ќе остане со Русија“.
„Она што го кажува претседателот Трамп е вистина. Се согласувам со него дека денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз Кримскиот Полуостров“, рече Зеленски.
Да потсетиме дека украинските претставници претходно решително ја отфрлија можноста за какви било територијални отстапки во замена за мир со Русија.