Црна хроника
Уапсени 50-тина албански државјани во Тетово и Гостивар
Во голема полициска акција приведени вкупно 51 албански државјанин кои престојувале и работеле нелегално во Тетово и Гостивар.
Во Тетово биле откриени 32 албански државјани и 19 во гостиварско на возраст од 17 до 57 години. Работеле градежни, полски и други работи, но никој од нив немал регулиран престој во земјава.
Против нив ќе биде покрената прекршочна постапка и ќе бидат депортирани во матичната земја.
Освен нив биле затекнати и четворица косовски државјани и две албански државјанки кои работеле на црно и биле веднаш депортирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.