Регион
На Словенија ѝ помагаат 33 странски полицајци, најмногу Литванци

На Словенија во соочувањето на бегалската криза ѝ помагаат 33 странски полицајци, меѓу кои 20 од Литванија, осум од Австрија и пет од Германија, на граничните премини со Хрватска и во близина на бегалските кампови.
Министерството за внатрешни работи потврди дека Словенија разговара со повеќе земји кои би можеле да понудат таков вид помош, а покрај земјите од Вишеградската група, наводно понудиле и Италија, Франција, Шпанија и Холандија.Чешката влада потврди во понеделникот дека во Словенија ќе испрати 20 свои полицајци, 30 понуди Словачка, а Унгарија дури 50 полицајци.Не е познато засега дали Словенија одговорила на понудата на хрватското министерство за внатрешни работи во соседната држава да испрати 50 свои полициски службеници поради подобро регулирање на мигрантскот бран, како и со шатори од странски донации.Словенечкиот премиер Миро Церар повеќепати минатата седмица предупреди дека словенечката граница со Хрватска е воедно и шенгенска граница на Европската унија и дека очекува на Словенија да ѝ бидат понудени повеќе стотини европски полицајци со опрема, бидејќи самата не може да ја брани 670 километри долгата граница со Хрватска која исто така е членка на ЕУ, но не и на Шенгенскиот простор./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.