Црна хроника
Патник нападнал таксист- го гризел, го ограбил и предизвикал сообраќајка

Патник во неделата вечерта нападнал таксист го гризел за раката и рамото, предизвикал сообраќајка и го ограбил, соопшти МВР.
Според пријавата на таксистот, патникот се качил во таксито во неделата вечерта во 20.30 часот кај Железничката станица. Кога стигнале на улица македонско-косовска бригада во скопската населба Топаанско поле патникот му се нафрлил на таксистот, го удирал и почнал да му се заканува дека ќе извади пиштол. Почнал да го гризе за десната рака и рамото.
Возачот излетал од патот и удрил во металната ограда, а потоа удрил во дрво.
Разбојникот успеал да му украде златно синџирче и избегал. Возачот бил пренесен во болница со телесни повреди. Полицијата трага по разбојникот./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.