Контакт

Надворешна политика

Роберт О’Нил: Името мора да се реши во Генералното собрание на ОН

Објавено пред

„По 20-тина години неуспешни преговори Македонија треба да побара признавање од страна на Генералното собрание за членство во Обединетите Нации (ОН) под уставното име. Вие сте Македонци, а вашиот јазик е македонски“, изјавил британскиот амбасадор и прв медиатор во грчко македонскиот спор, Робин О’Нил за програмата „Гласот на народот“.
 

dobivaj vesti na viber

„По 20-тина години неуспешни преговори Македонија треба да побара признавање од страна на Генералното собрание за членство во Обединетите Нации (ОН) под уставното име. Вие сте Македонци, а вашиот јазик е македонски“, изјавил британскиот амбасадор и прв медиатор во грчко македонскиот спор, Робин О’Нил за програмата „Гласот на народот“.

 

Во врска со изјавата на грчкиот премиер Андонис Самарас дека македонскиот јазик е измислена творба на комунистите и дека никогаш не слушнал за таков јазик, британскиот дипломат, појаснува дека коментарите на Самарас за македонскиот јазик само покажале колку е  непријателски односот на грчката влада кон Македонија.

 

„Можеби тој се надева дека со овие изјави ќе ја добие и поддршката од националистичките елементи од Бугарија. Ова покажува колку е лошо за Македонија да се допушти ваков нереален спор да се влече со години. Станува се потешко да се најде рационалното решение“, вели О Нил.

 

Според него, Македонија треба да побара помош од целата меѓународна заедница со обраќање до Генералното собрание на ОН, во кое ќе искаже благодарност на Нимиц и неговите напор во изминатите дваесетина години да го реши спорот, но и жалење што тие не довеле до каков било напредок кон решение.

 

Во однос на прашањето за приемот на Македонија во ЕУ и НАТО, О’Нил вели дека Меѓународниот суд за правда донел пресуда со која се потврдува дека според Времената спогодба меѓу Грција и Македонија, Македонија има право за аплицирање во овие организации под БЈРМ, и дека Грција не може да се противи на ова.

 

„Во оваа ситуација сметам дека постои обврска од страна на водечките земји на НАТО и ЕУ, САД, Германија и Велика Британија да ја притиснат Грција да прекине со опструкциите Македонија да стане членка на овие две организации. Ова би ја зајакнало стаблиноста во регионот, и би придонело за поголем прогрес. Ваков прием на Македонија во тие организации би требало да се реализира под соодветното име според меѓународното право: Република Македонија, нагласува амбасадорот О’Нил.

 

За тоа дали дополнителните услови за прием на Македонија во ОН се во согласност со членовите од Повелбата на ОН и за коментарот на Нимиц во Скопје дека ОН не преговаараат за идентитети и дека мандатот се однесува за името амбасадорот О Нил одговара дека Македонија е веќе членка на ОН. Според него Грција смета дека постои спор меѓу неа и Македонија околу името Република Македонија.

 

„Во меѓународното право, секоја држава има право да го користи името кое саматата го избрала. Сепак, ОН повикаа двете  држави да го решат овој  спор, и Нимиц работеше со големо трпение многу години за да  пронајде прифатливо решение и за двете земји. За цело време  Грција не беше подготвена да покаже интерес за кое било име кое би претставувало своевиден компромис“, истакнува О Нил.

 

Тој смета дека  Нимиц при секоја посета на Скопје давал коректни и разумни коментари. Според О Нил, Нимиц се надева дека во Атина има искрена подготвеност за изнаоѓање компромис, но, стравува дека ќе треба да заклучиме дека не постои надеж за успех на неговата медијација.

 

„Вистината е дека Грција не сака да види решение на овој спор, поради причините кои се целосно во домен не грчката внатрешна полтитика. Името Република Македонија никогаш за овие 24 години не праваше никаква штета за Грција, ниту имаше штетно влијание врз стабилноста на Грција. Во оваа ситуација е созреано времето Македонија да се обрати до ОН и да објаси дека по 20 години овој проблем, кој никогаш не бил закана за меѓународниот мир и безбедноста, (член 2 (3) од Повелбата на ОН, заради пошироките интереси за стабилноста на Балканот треба да биде предмет на одлучување од Генералното собрание на ОН со гласање“, вели британскиот дипломат, пренесува МИА./крај/мф/ап

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

„Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели“ – родителите од Кочани сочувствуваат со смртта на Панчо

Здружението на граѓани „16 март“, формирано од некои од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“...

Македонија3 часа

Железничката станица не може да биде турбофолк-хаб, Ивановски ќе отстранува сѐ што не е во проектот од Кензо Танге

Железничката станица во најкус рок ќе биде исчистена од билборди, паноа и графити и ќе биде забрането да се поставуваат...

Македонија3 часа

Андоновски: Македонија добива национален центар за вештачка интелигенција – почнува проектот „Везилка“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект...

Македонија5 часа

Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што доби сериозни...

Македонија6 часа

Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

Во согласност со Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за локалните избори 2025 година имаат обврска да поднесат извештаи за...

Македонија6 часа

„Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните...

Македонија7 часа

„ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила 40.000 евра, дали Спасовски ја спасил од казна“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или...

Свет8 часа

Трамп постигна прекин на огнот во Газа, но сега се појавуваат три големи прашања

Американскиот претседател Доналд Трамп успеа да ги донесе Израел и Хамас на преговарачка маса и да постигне прекин на огнот,...

Свет9 часа

(Видео) Трамп по враќањето од Израел: „Ова беше историски ден за светот“

На летот за Вашингтон од Израел и Египет, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“....

Свет9 часа

Кина одговори на мерките на САД: специјални пристанишни такси за американските бродови

Кина официјално почна да наплаќа посебни пристанишни такси за бродови во сопственост, управувани, изградени или кои го пловат американското знаме,...

Свет10 часа

(Видео) Се урна рудник во Венецуела, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа откако рудник за злато се урна во општината Ел Калао во јужна Венецуела по обилните дождови...

Свет10 часа

(Видео) „Спејс икс“ на Маск ја лансира единаесеттата ракета „Старшип“

„Спејс Икс“ на Илон Маск вчера ја лансираше својата единаесетта ракета „Старшип“ од „Старбејс“ во Тексас. Starship's eleventh flight test...

Европа10 часа

(Видео) Жесток руски напад врз Харков, погодена болница: 30.000 луѓе останаа без струја

Руските сили го нападнаа Харков со наведувани бомби, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на 30.000 корисници во три области,...

Свет20 часа

Трамп го потпиша мировниот договор за Газа: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова“

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа, изјавувајќи при потпишувањето: „Поминаа 3.000 години за да се...

Македонија21 час

ЕУ отвора центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави дека Европската унија ќе отвори две „ВИ фабрики“ (центри за...

Топ22 часа

Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер. Според информациите на Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари...

Македонија1 ден

Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо...

Македонија1 ден

Новата грејна сезона официјално почнува на 15 октомври: испораката на топлинска енергија ќе зависи од атмосферските услови

Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот...