Црна хроника
Се апсат членови на „Франкфурт мафија“

Во полициска акција којашто се спроведува во Велес, Скопје и Штип се апсат членови на нарко мафијата позната како Франкфурт мафија осомничени за перење пари.
Министерството за внатрешни работи подолго време ги следела приведените, како членови на Франкфурт мафијата.
Акцијата била водена од Одделението за сузбивање на организираниот криминал. Велешкиот портал Лисица јавува дека уапсени се четворица велешани.
Информацијата за акцијата и апсењето ја потврди и МВР, но од таму велат дека истата е сеуште во тек, повеќе детали најави за утрешниот ден.
Инаку оваа акција била дел од вториот дел на акција Диригент која полицијата ја започна пред три години со цел разбивање на нарко мафија и сузбивање на организираниот криминал./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична за полицаец од Скопско: возел со 1,65 промили алкохол во крвта, на полна линија му го пресекол патот на друг возач

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Л.Д.(26) од с.Зелениково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Пријавениот Л.Д.- полициски службеник во Сектор за известување и координација на состојби во МВР, на 21.04.2025 на подрачје на Кисела Вода во Скопје, пријавениот управувал возило со 1,65 промили алкохол во крвта и поминувајќи на полна линија го пресекол патот на друго патничко возило и на тој начин ја загрозил личната и безбедноста на возачот и патниците од другото возило. А откако запреле тој упатувал закани на другиот возач и удирал по неговотот возило.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник Л.Д. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист од Штип: во него удрил мопед и побегнал

Ноќеска околу 20.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Д.Т.(40) од Штип и мопед, по што возачот со мопедот го напуштил местото на настанот.
Со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Прегазена 68-годишна жена од Скопје

Во СВР Скопје синоќа околу 19.15 часот било пријавено дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(70) од Скопје, удрило во пешакот М.С.(68) од с.Волково, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.