Црна хроника
Нова кражба на накит во Кан

Влијателниот филмски фестивал во Кан во четврток го потресе нова можна кражба на накит откако во текот на забава со ѕвездите исчезна дијамантски ѓердан вреден 2,6 милиони долари, тврди јувелирската компанија „De Grisogonо“.
Фаваз Гуси, основач на швајцарската компанија „De Grisogon“, изјави дека ѓерданот бил дел од колекција којашто ја носеле дваесет модели на забавата во хотелот „Cap-Eden-Roc“ во Антиб надвор од Кан во вторникот навечер. Меѓу гостите биле ѕвезди како Шерон Стон, Парис Хилтон, Орнела Мути, Алесандра Амбросио, Флавио Бриаторе и други.
Груси вели дека вечерта на забавата имало ангажирано 80-ина телохранители, локални полицајци, хотелското обезбедување и на самата компанија „De Grisogonо“, меѓутоа кога кон крајот на забавата била направена проверка било забележано дека недостасува еден дијамантски ѓердан.
„Не знаеме што точно се случило… Тоа беше еден од најубавите експонати коишто го имавме. Полицијата настојува да утврди што се случило“, изјавил Груси за Reuters.
Од полицијата во Кан изјавиле дека властите истражуваат дали станува збор за кражба, проблем со инвентарот или губење на накитот.
Според француската телевизија BFMTV за украдениот дијамантски ѓердан кој бил дел од колекцијата којашто била претставувана била ангажирана приватна агенција за обезбедување.
Во првата седмица од дванаесетте дена колку што трае канскиот филмски фестивал на монденскиот дел од француската ривиера, на 17-ти мај од хотелска соба во Кан бепе ограбен сеф со накит наменет за изнајмувае на познатите личности кои дефилираат по славната Кроазета на друга швајцарска јувелирска компанија „Chopard“ беа украдени благородни камења кои се проценети на 1,4 милиони американски долари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Запленета поголема количина брендирана стока без документација, лишено од слобода едно лице

Полицијата заплени поголема количина брендирана стока без соодветна документација и приведе едно лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„На 01.08.2025 околу 20:00 часот на наплатна рампа Романовце, на автопатот Скопје-Куманово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ, бил лишен од слобода Д.Ц. (30) од Крива Паланка, затоа што при преглед на возилото „ауди“, кое тој го управувал, пронајдена е поголема количина на брендирана стока, без соодветна документација. По документирање на случајот, против Д.Ц. ќе биде поднесена кривична пријава по чл 285 ст.1 од КЗ“, стои во известувањето од МВР.
Топ
Браќа од Струшко нападнале семејство во возило во кое имало и деца, ја удирале жената со боксови и клоци

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против две лица за кривично дело – Насилство.
Двајцата браќа, по потекло од струшко, а со привремено живеалиште во Швајцарија, на 30 јули на локалниот пат меѓу селата Горно Татеши и Добовјани, со автомобил со швајцарски регистарски ознаки го попречиле патот на струшко комбе во кое се превезувало семејство – маж, жена и две малолетни деца.
Веднаш започнале да се закануваат и агресивно да се однесуваат, излегле од автомобилот и се упатиле кон возачот на комбето. Со сила го повлекле подотвореното стакло на возачката врата и го скршиле. Парчиња од стаклото ја расекле по раката жената која излегла од комбето во обид да ја смири ситуацијата. Дополнително, осомничените и нанеле и телесни повреди со удари со боксови и клоци по главата и телото. Си заминале откако жената се заканила дека ќе повика полиција.
Поради опасност од бегство, особено имајќи предвид дека двајцата имаат привремено престојувалиште во странство, а исто така и поради ризикот и изложеноста на оштетеното семејство повторно да им биде загрозена сигурноста, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничените браќа, со цел да го обезбеди нивното присуство во текот на постапката и да спречи повторување на насилството.
Црна хроника
Обвинение за шест лица за фалсификување пари

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинителен акт против шест лица за кои постои основано сомнение дека како злосторничка група, организирана од првоосомничениот, сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.
На пет лица им се става на товар кривичното дело Фалсификување пари, додека првообвинетиот и уште едно лице се обвинети и за кривично дело – Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување.
„Од крајот на 2023 година до февруари 2025 година првообвинетиот на територија на македонска и српска територија создал група на која припадници станале останатите обвинети – македонски државјани и шест српски државјани за кои постапката се води во РСрбија. Првообвинетиот неовластено набавил и држел опрема и материјали за правење на лажни банкноти – евра во апоени од 20, 50, 100 и 200 евра, кои припадниците на групата ги дистрибуирале до заинтересираните купувачи во РСрбија по цена од 25-30% од номиналната вредност на вистинските банкноти. Шестообвинетиот неовластено изработувал машини и делови за правење лажни пари и истите ги одржувал. Од јуни 2024 година до јануари 2025 година 114.150 лажни евра групата ги продала за 42.400 евра.
Со обвинителниот акт обвинителството бара и продолжување на мерката притвор.