Скопје
Наградени најдобрите воспитувачки и негувателки во градинките во општина Центар

Дваесет и две воспитувачки и негувателки од градинките во општина Центар, денеска беа наградени како најдобри, најпосветени и најодговорни во својата работа.
„Вашата работа е исклучително битна. Вие од корен го создавате нашето образование. Основата на нашиот карактер и однесување се стекнува во градинките. Општеството доволно не ја вреднува оваа одговорна работа“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски. Тој потсети дека Општина Центар изгради нова, современа градинка со сопствени средства во Капиштец, извршена е реконструкција на градинките каде што тоа беше неопходно, и најави целосна обнова на градинката „Пепелашка“.Жерновски соопшти дека од идната година општина Центар ќе го вреднува и наградува трудот и на целиот персонал во градинките. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)