Црна хроника
Затвореник на викенд ја ограбил аптеката „Виола“
Полицијата го расчисти грабежот извршен во скопската аптека „Виола“, лоцирана на ул „Васил Главинов“, дента на Нова година, а како можен сторител на кривичното дело го идентификуваше лицето Ф.П. (30) од Скопје кој инаку е на издржување казна затвор во КПУ „Идризово“.
Во моментот на извршувањето на кривичното дело тој бил пуштен четири дена (од 30.12.2012 до 02.01.2013 година) на слободно отсуство.
Имено, како што МВР претходно информираше на 31.12. 2012 година околу 18.15 часот две непознати машки лица маскирани со капи на главите, едното од нив вооружено со огнено оружје – пиштол, преку незаклучената влезна врата влегле во аптеката.
Притоа, лицето кое во раката носело пиштол дошол до застаклениот пулт и преку отворот од истиот го вперил пиштолот кон вработената со закана и се обратил и удрил со рака во застаклениот пулт притоа кршејќи го стаклото, додека другото лице стоело до влезната врата.
Вработената извадила од фиоката од пултот околу 34.000 денари од дневниот промет и му ги дала на лицето по што истите веднаш го напуштиле местото на настанот.
По преземени оперативни мерки и активности од страна на СВР-Скопје -Одделение за разбојништва и дрски кражби извршен е службен разговор со Ф.П. во при што го признал и го појаснил извршувањето на кривичното дело но не сакал да го каже идентитетот на другото лице, неговиот соучесник во извршувањето на делото.
По целосно расчистување на кривичното дело и негово документирање од страна на СВР-Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Инаку Ф.П. во криминалистичката евиденцијата на СВР-Скопје минува за сторени повеќе кривични дела “разбојништво“, “тешка кражба“, “тешка кражба во обид“, “кражба“, “одземање на автомобил “, “недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурзори“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

