Црна хроника
Манекенка претепана до смрт во Нови Сад
Манекенката Владислава Червенка била претепана до смрт во Нови Сад, а нејзиното тело синоќа било пронајдено во населбата Лиман, јавуваат локалните медиуми.
Полицијата во Нови Сад трага по дваесет и петгодишниот Дарјан М. за кого постојат сомнежи дека го сторил злосторството.
„Во стан на Фрушка улица во Нови Сад, полицијата го пронајде безживотното тело на 25-годишната В.Ќ. на телото биле видливи бројни повреди, а доказите од лице место укажуваат дека убиството се случило во текот на попладнето“ изјави за Танјуг, истражниот судија на Вишиот суд во Нови Сад Мирослав Алимпиќ, нагласувајќи дека трагаат по сторителот.
Жртвата била една од познатите фото-модели која своевремено работела и за бројни модни агенции.
Телото на девојката бил најдено во станот каде што живеела. Точната причина за смртта ќе биде утврдена во Заводот за судска медицина, каде телото е пренесено на обдукција./крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
57-годишен охриѓанец се оддалечил од семејниот дом
Вчера во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека претходниот ден од семејниот дом се оддалечил З.Т.(57) од Охрид.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Кривична за кичевец: градел објект за малостопанство, без одобрение за градба, употребил и лажен елаборат
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.Л.(57) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „употреба на исправа со невистината содржина“.
Тој, во својство на инвеститор, без одобрене за градење извршил доградба на објект за малостопанство, а потоа со намера да создаде привид на законитост на објектот употребил елаборат од 2018 година со невистинити податоци.
На тој начин пред надлежните институции прикажал неточни факти за локација, површина и категоризација на објектот.
Црна хроника
Просветен инспектор вршел психичко насилство врз наставничка во училиште во Муртино
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на наставничка во училиштето на тој начин што ѝ вршел притисок да напише изјава како што тој сакал, а откако напишала изјава која не била според неговите насоки, одбил да ја прими и ја фрлил во ходникот.

