Европа
Порошенко го потпиша законот кој ја вклучува децентрализацијата

Украинскиот претседател Петро Порошенко го потпиша во неделата законот за регионалните политики во земјата, којшто, меѓу другото, вклучува децентрализација на овластувањата и етно-културолошки развој на регионите.
Законот со наслов За основите на државната регионална политика, украинската Врховна Влада (парламентот) го усвои со гласовите на 254 пратеници од вкупно 450, на почетокот од февруари. Претседателот Петро Порошенко го потпиша законот со кој се дефинираат правата, економските, социјални, еколошки, хуманитарни и организациски рамки на државната регионална политика, како дел од внатрешната политика на Украина. Со тоа се создава законодавната основа за реализација на новата регионална политика, којашто треба да опфати позначителен спектар прашања, отколку едноставната поддршка на развојот на регионите од страна на централните власти во Киев.
Загонот појаснува неколку начела на регионалните политики, меѓу кои се и супсидијарноста („децентрализација на овластувањата и нивно предавање на пониските нивоа на власта, каде што можат да бидат најефикасно реализирани“), и етнокултуролошкиот развој („заживување на етничкиот идентитет и зачувување на духовната и материјална кутура на етничките групи, соработка во унапредувањето на нивниот етнички, културен, јазичен и верски идентитет“). Во Киев медиумите очекуваат дека украинската влада и регионите ќе разработат седумгодишен план за регионалниот развој.
Во документот, особено се содржи „дефинирањето на целите, принципите и приоритетите за државната регионална политика , државната стратегија за регионален развој, овластувањата на субјектите во државните регионални политики, го определува начинот на финансирање и следење на државната регионална политика“.
Според официјалната интернет страница на украинскиот претседател, потребата за донесување на овој закон е условена од реализацијата на агендата за приближувањето на Украина кон Европската унија. Исто така, поголемата самостојност на украинските региони е дел од договорот што на 12-ти февруари во белоруската престолнина Минск го потпишаа челниците на Украина, Русија, Франција и Германија за надминување на судирот во одметнатиот рускојазичен украински исток во кој од април 2014 година загинаа повеќе од 5.700 луѓе, според процените на Обединетите нации./крај/мф/сн
Извор: УНН
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин