Црна хроника
Адвокатите на Бошкоски: Исказот на заштитениот сведок беше трагикомичен
Исказот на заштитениот сведок во случајот „Ровер“, во којшто е обвинет и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, бил трагикомичен, сите присутни во судницата се смееле, тврди адвокатот на Бошкоски, Константин Кратовалиев.
Според него, заштитениот сведок не видел ништо, туку својот исказ го темелел на она што слушнал од телевизија и од други луѓе.
Судијата Илија Трпков не ги прифати барањата на адвокатите да му се открие идентитетот на заштитениот сведок или да се сослушува друг ден.
Сослушувањето на сведокот ФФ 15 почна со задоцнување поради барањата на адвокатите кои бараа и јавноста да биде присутна.
Судот не го прифати и ова барање, па на сослушувањето не можеше да присуствува и професорот Гордан Калајџиев, како стручна јавност.
Прашања за заштитениот сведок имале обвинетите и нивните адвокати, судијата, додека обвинителката, според изјавите на адвокатите, немала прашања.
Сведокот зборува од друга просторија со заматен лик и мутиран глас. Бошкоски во својот исказ рече дека заштитениот сведок е криминалец и дека неговиот исказ не треба да се прифаќа како релевантен./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицијата уапси 44-годишен охриѓанец, кој тешко повредил сограѓанин
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Партизанска“ во Охрид, полицијата го приведе А.Ф. (44) од овој град. Според пријавеното, тој во куќа во Охрид физички го нападнал С.М. (34), при што употребил остар предмет и му нанел тешки телесни повреди.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ловечка пушка и куршуми пронајдени кај маж од Кочани: поднесена кривична пријава
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против К.Е.(32) од Кочани.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 04.03.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени ловечка пушка ТОЗ-66 со кал.12 и куршум со калибар 7.62мм, кои неовластено ги чувал и поседувал во својот дом.
Црна хроника
Тешко повредена 71-годишна жена од Велес: ја прегазило „бмв“
Вчера околу 10:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на 21.11.2025 околу 10:30 часот на ул.„8 Велешка бригада“ во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.А.(38) од Велес, удрило во 71-годишната Б.А. од Велес.
По несреќата Б.А. била пренесена во приватна здравствена установа во Велес за укажување на лекарска помош, а на 25.11.2025 за укажување на лекарска помош се јавила во Општата болница Велес, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

