Црна хроника
Автомобил излета од патот Петровец – Огњанци, две лица повредени

Две млади лица се тешко повредени откако вчера со автомобил „застава југо“ излетале од патот с.Петровец-с.Огњанци. Како што соопшти МВР, З.О.(21) кој го возел југото изгубил контрола и излетал од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.С.(18) од с.Огњанци, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, а со повреди се здобил и возачот, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Обид за убиство во Виница: маж избоден четири пати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од Виница, по вербална расправија, со нож нападна друг маж, Д.С., нанесувајќи му четири убодни рани.
По нападот, напаѓачот веднаш побегнал од местото на настанот.
Сепак, полициските службеници по обезбедувањето на оперативни сознанија синоќа во Кочани го приведоа, Н.В.
Надлежното јавно обвинителство е известено и се работи на целосно документирање на случајот.
Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.