Црна хроника
МВР најави анализа на снимките од Собранието и пријави против одговорните
Министерството за внатрешни работи (МВР) во вторникот најави дека во наредниот период ќе ги анализира сите снимки од инцидентите во Собранието и против сите одговорни ќе следуваат соодветни поднесоци.
Инцидентите во собраниската сала започнаа кога некои од пратениците со насилно и недолично однесување се обидоа да го блокираат одржувањето на закажаната седница и да го оневозможат мнозинството да ги извршува обврските кои произлегуваат од функцијата и мандатот што им го доверија граѓаните, се вели во соопштението на МВР. Потоа, според МВР, уследил напад и врз институцијата Претседателот на Собранието и со крајни напори и смирена реакција собраниското обезбедување успеало да го извлече од салата и безбедно да го спроведе Откако веќе не постоеше можност да биде доведен во опасност Претседателот на Собранието некои од пратениците продолжија со однесување од кое веројатно секој граѓанин би се засрамил, истакнуваа од МВР. Понатаму се наведува дека по истурањето вода, кршењето чаши и расфрлањето на службените документи на Претседателот на Собранието, следувало качување по неговата маса и оштетување на опремата за работа на Собранието и водење на седниците, а не изостанале ниту закани и тропање по работните маси на колегите кои, како што се наведува, не се согласувале со насилните методи. Откако ги спречија мнозинството пратеници да работат, дел од нив без мандат добиен на избори го запоседнаа местото на Претседателот на Собранието и ја узурпираа функцијата, се вели во белешката на МВР. По овие настани, уследило барање до собраниското обезбедување, согласно Законот за Собрание и Деловникот, да се обезбедат услови за одвивање на седницата.Собраниското обезбедување според сите протоколи за работа, постапи крајно професионално и создаде ред во салата овозможувајќи мнозинството на пратеници да работат, иако имаше насилни и агресивни испади и провокации кон нив, велат од МВР. Потоа, како што истакнува МВР, следеле обиди да се инсценира како некои пратеници и пратенички наводно биле нападнати, иако од видео надзорот јасно се гледа дека немаат контакт со обезбедувањето. Во моментот кога во салата беа создадени услови за продолжување на седницата, пред салата во наредните десетина минути, продолжија вербалните и физички напади врз обезбедувањето, скокањето од мебелот во фоајето и договарањето како да се излезе пред медиумите кои беа во холот, се вели во соопштението. Во извештајот на МВР од вчерашните настани, се наведува и дека 11 полициски службеници се здобиле со повреди при обидот на толпата да го пробие полицискиот кордон пред Собранието. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: ограбил манастир во Неготино
Вчера во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишен 44-годишниот М.А. од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, запленети 300 теписони и стази без документација
Вчера полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје.
Имено, откако било сопрено товарно возило „форд транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација.
Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
фото: МВР
Црна хроника
Со возилото удрил во заштитна ограда а возел со 1,98 промили алкохол во крвта: уапсен кичевец
Вчера во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.М.(63) од Кичево.
Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.

