Црна хроника
Напаѓач во Кина со нож рани 22 деца

Дваесет и две деца од училишна возраст се ранети во напад со нож во град во централниот дел од Кина, објави во петокот кинеската официјална агенција Синхуа.
Нападот се одиграл во петокот наутро на влез во основно училиште во селото Чентао во областа Гуаншан во провинцијата Хенан, потврдиле за агенцијата локалните власти. Притоа додале дека е повреден и уште еден случаен минувач. Според болнички извори, на ниедно од повредените деца не му е загрозен животот.
Полицијата објави дека уапсила 36-годишник кој е осомничен за нападот и отворила истрага.
Ова не е прв напад со нож врз деца во Кина. Остана запаметена серијата слични напади од 2010 година кога со ножеви и секири беа поведени десетици деца, од кои седум починаа од повредите. Во овие случаи, напаѓачите сакале да го привлечат вниманието на јавноста кој својата семејна или финансиска ситуација./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.