Спорт
„Меси е врв, но Марадона е од друга планета“

Фабио Канаваро најдобриот фудбалер во светот во 2006 година говорел за Диего Марадона и Лионел Меси. Поранешниот капитен на Италија рекол дека Марадоне не би можел да го спореди со никого.
„Многу го почитувам Меси, за новите генерации тој е еден од најдобрите. Но, Марадона е поинаков, бидејќи и фудбалот беше поинаков. Противниците многу го маваа, но тој секогаш имаше контрола, не паѓаше“, рекол Канаваро и дополнил.
„Меси е врв, но Марадона е од друга планета. Никогаш не сум го споредувал со други играчи. Не сум го гледал Пеле, но Марадона го гледав седум години, секој натпревар. Тој не е еден од најдобрите, тој е најдобриот“, истакнал Канаваро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
22 милиони евра за трансфер: Бијол потпиша договор со Лидс

Поранешниот фудбалер на Удинезе и словенечки репрезентативец Јака Бијол потпиша договор со повратникот во Премиер лигата, Лидс Јунајтед, до 2030 година, објави денес англискиот клуб.
Финансиските детали не се откриени, но британските медиуми наведуваат дека Лидс издвоил 22 милиони евра за овој трансфер.
Бијол (26) е член на Удинезе од 2022 година, а пред тоа играше за Хановер, ЦСКА Москва и Рудар од Велење.
Минатата сезона за клубот од Удине одигра 37 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола.
Спорт
Монеке во Звезда

Неодамнешниот кошаркар на Басконија, Чима Монеке, ќе стане нов играч на Црвена Звезда, со која ќе потпише двегодишен договор, објавува грчкиот „Јурохупс“.
Црвено-белите на тој начин ќе се засилат на позицијата „четворка“, а се очекува наскоро и Семи Оџелеј од Валенсија да го потпише договорот.
Монеке е член на Басконија од 2023 година, а пред тоа кратко играше за Монако.
Една сезона беше и во НБА лигата, каде го носеше дресот на Сакраменто Кингс.
Едно време, во Лигата на шампионите на ФИБА 2022, кога играше за Манреза, беше прогласен за најдобар играч на тоа натпреварување.
Спорт
Плоштад Санти Казорла

Градот Овоедо на посебен начин ќе му се одолжи на Санти Казорла, 40-годишениот фудбалер, кој во саботата со Реал Овиедо по 24 години се врати во елитниот ранг на шпанскиот фудбал.
Кога Казорла имал 16 години, клубот од неговиот роден град испадна во Сегунда, во 2003 година се беше пред банкрот и гаснење,.
Клубот успеа да опстане се пресели во Третата лига, но финансиските проблеми повторно му се заканија на клубот во 2012 година. Навивачите тогаш собираа пари, а им се приклучија и ентузијасти, поранешни фудбалери меу кои и Казорла.
Санти Казорла, потоа реши да се врати дома, одбивајќи неколку финансиски одлично понуди.
Тој ги окарактеризира финалните натпревари од плејофот како најголеми во неговата кариера, а во кариерата два пати бил европски првак со Шпанија.
Затоа, градоначалникот на Овиедо, Алфредо Кантели, одлучи името на Казорла засекогаш да биде поврзано со градот.
Плоштадот и фонтаната каде што навивачите на Овиедо обично ги слават победите повеќе нема да се нарекуваат „Плоштад Америка“, туку „Плоштад Санти Казорла“.
🔵 ¡ÚLTIMA HORA! El Alcalde de Oviedo, Alfredo Canteli, anuncia que la 'Plaza América' de Oviedo pasará a llamarse 'Plaza Santi Cazorla' pic.twitter.com/LlihTcQ9PR
— Tiempo de Juego (@tjcope) June 22, 2025