Црна хроника
Тешка кражба во куќа во Прилеп
Тешка кражба регистрирана е ноќеска во семејна куќа ви Прилеп, при што непознати сторители одзеле 3.000 евра, разновиден златен накит и пиштол „Црвена Застава М-57“ кал.7.62мм, со 8 куршуми (кој домаќинот го поседувал со дозвола).
Сторителите ја извршиле кражбата на тој начин што се прекачиле преку металната порта висока околу два метри, влегле во дворното место од куќата, потоа под прозорот од детската соба поставиле пластична канта за отпад и 4 пластични столици (една врз друга), се качиле врз нив и со подесно средство го налостиле двокрилниот прозрец од собата, влегле внатре, извршиле пребарување и од спалната соба од црн платнен несесер кој бил во картонска кутија оставена на комодата ги одзеле наведените предмети, по што го напуштиле лице местото преку влезната врата. Увид на лице место извршила увидна екипа од полициската станица-Прилеп, која презема мерки за пронаоѓање на сторителите. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

