Црна хроника
Ученик во Москва зема заложници и уби две лица
Две лица се убиени а едно е рането во заложничката драма во Москва, кога околу пладне во понеделникот тинејџер вооружен со карабин и пушка влегол во едно од средните училишта во североисточниот дел од руската престолнина, пренесуваа руските медиуми.
Вооружениот млад човек заканувајќи му се со оружје на обезбедувањето на училиштето коешто се обидело да го спречи, околу 12 часот по московско време влегол во едена од училниците во којашто имало 20 заложници, РИА Новости.
По половина час, по наговор од неговиот татко, тинејџерот ги ослободил заложниците, пренесува Итар-Тасс повикувајќи са на полициски извори . „По настанот, во училиштето дојде таткото на средношколецот. Тој го наговори синот да ги ослободи учениците и да се предаде“, изјавил за агенцијата Александар Латишев, началник на информациско-аналитичкиот центар на одделот на префектурата за североисточниот административен округ на Москва.
Според првичните сознанија на истрагата, ученикот влегол во училиштето вооружен, обезбедувањето се обидело да го спречи но сепак успеал да влезе во зградата. Обезбедувањето успеале да го активираат системот за аларм, а потоа да го доведат до кабинетот по биологија во кој имало ученици од 10-ти клас. По патот ученикот отворил оган ранувајќи еден наставник кој подоцна починал од здобиените повреди. На повикот од училишното обезбедување наскоро пристигнала полициска патрола , а откако полицајците влегле во училиштето, напаѓачот отворил оган врз нив, при што еден е убиен а вториот бил ранет. Вкупно истрелал 11 куршуми од малокалибарка.
Според прелиминарните сознанија, вооружениот ученик имал одличен успех, и најверојатно кај него дошло до некој емотивен слом, рекол за медиумите портпаролот на Истражниот комитет на Руската Федерација, Владимир Маркин, кој дошол на местото на настанот. Сепак, истакнал дека „вистинските мотиви ќе бидат познати по завршувањето на истрагата“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

