Спорт
Реал се вратија на тренинзи по пауза од два месеци

Реал Мадрид се врати на тренинзи првпат по два месеци од пандемијата на корона вирусот, со Зинедин Зидан со заштитна маска, и со фудбалерите поделени во две групи за тренинзи со практицирање на социјално дистанцирање.
Тимот работеше според стриктните протоколи на шпанската влада, користејќи различни терени за да се комплетираат индивидуалните тренинзи со и без топка. Еден Азар се врати на тренинзите по операцијата на скршениот скочен зглоб, а фудбалерите се вратија на терените во базата во Валдебебас првпат по два месеци.
Капитенот Серхио Рамос изјави дека е „очаен“ да се врати на работа и тврди дека на Шпанија и е потребен фудбалот како помош на економијата.
„На земјата и е потребен фудбалот за економијата, а на луѓето како нешто на што можат да загубат дел од времето. Умирам да се натпреварувам повторно“, изјави Рамос.
⚽? ¡Estamos de vuelta!#RMCity | #HalaMadrid pic.twitter.com/JxE3f6Aj4M
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) May 11, 2020
? @MarceloM12#RMCity | #HalaMadrid pic.twitter.com/olhSFwLxzw
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) May 11, 2020
?⚽ ¡Volvemos a los entrenamientos!#RMCity | #HalaMadrid pic.twitter.com/D2pA4Eu3XH
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) May 11, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Четвртфиналистите во ЛН вечерва ќе ги „бираат“ групите за Светското првенство

Вечерва со почеток од 20 часот и 45 минути не очекуваат четири спектакуларни реванш натпревари од четвртфиналето на Лигата на нации на УЕФА.
Франција ќе се обиде да надопилни минус од два гола против Хрватска во Париз, Данска ќе брани гол предност во Лисабон против Португалија, Германија ќе ја пречека Италија во Дортмунд и ќе се обиде да го „потврди“ триумфот од Милано од 2:1, додека Шпанија и Холандија ќе се соочат во Валенсија, по ремито 2:2 во Ротердам.
Покрај борбата за пласман во полуфиналето на најмладото репрезентативно натпреварување во светот, во кое Шпанците го бранат трофејот, овие осум селекции во зависност од исходот од реваншите вечерва ќе дознаат и во која група ќе бидат за мундијалските квалификации.
Квалификациите започнаа во четвртокот, оние селекции кои ќе стигнат до полуфиналето на Лигата на нации ќе им се приклучат дури во септември, додека оние кои ќе бидат елиминирани вечерва ќе го започнат патувањето до Светското првенство во јуни.
Секако, сите осум од овие селекции ќе бидат фаворити во своите групи, но многу е интересно да се напомене дека најмалку две од поразените селекции во четвртфиналето на Лигата на нации ќе влезат, во полесни групи.
Победникот од дуелот Франција – Хрватска оди во групата Д во која се Украина, Исланд и Азербејџан. Поразениот оди во групата Л, во која се Чешка, Црна Гора, Фарски Острови и Гибралтар. Дури и лаиците знаат дека поразениот од овој двомеч ќе има полесна работа во квалификациите.
Победникот од двомечот Португалија-Данска оди во групата Ф, во која се и Унгарија, Република Ирска и Ерменија. Поразените ќе играат во групата Ц во која се уште Грција, Шкотска и Белорусија.
Победникот од дуелот Германија-Италија оди во групата А во која се уште Словачка, Северна Ирска и Луксембург. Поразениот ќе се натпреваруваат во групата И во која се Норвешка, Израел, Естонија и Молдавија.
Победникот од двомечот Шпанија-Холандија ќе се пласира во групата Е со Турција, Грузија и Бугарија. Поразениот ќе играат во групата Г, во која се Полска, Финска, Литванија и Малта.
Спорт
Ѓоковиќ: Ќе продолжам да играм, да видиме колку ќе издржам

Иако нема освоено ниту една АТП титула од ноември 2023 година, кога го освои завршниот мастерс во Торино, Новак Ѓоковиќ нема намера наскоро да ја заврши кариерата.
Тој го потврди ова, во Макајми, во изјава за Тенис ченел.
„Додека се чувствувам како што се чувствувам сега, задоволство и уживање е да се биде на теренот. Без разлика каде сум. Сакам да продолжам да играм се додека ми се допаѓа. Очигледно нема да биде така на секој меч, но се додека можам да се натпреварувам на највисоко ниво, ќе продолжам да играм. Желбата е присутна имам поддршка и од најблиските во мојот живот. Па да видиме до каде ќе стигнам“, изјави по победата против Хиџиката во второто коло на овој Мастерс.
Ѓоковиќ, велерва околу 20 часот, во третото коло игра против Аргентинецот Карабели, 65-ти на АТП листата.
Спорт
Тудор се согласил да го води Јувентус до крајот на сезоната

Клупата на Јувентус продолжува да биде главна фудбалска тема на Апенинскиот полуостров.
Се чини дека Тиаго Мота ги брои последните денови во Торино, „Старата дама“ се уште не најде замена, но е многу блиску.
Како што стојат работите, хрватскиот стручњак и поранешен играч на Јувентус, Игор Тудор би можел да стане нов тренер на црно-белите.
Според „Газета дело Спорт“, челниците на Јувентус се одлучиле за Тудор бидејќи тој е подготвен да прифати договор на „определено време“, поточно до крајот на сезоната.
Тудор би го предводел Јувентус само на девет првенствени натпревари. Разговор за евентуално нов договор би се водел само доколку ја исполни примарната цела, пласман во топ 4.
На вакви услови не се согласи искусниот Роберто Манчини, додека како потенцијални тренери на лето се споменуваат Антонио Конте и Стефано Пиоли.
Да потсетиме, Тудор е без работа една година, откако го напушти Лацио, а во кариерата работеше и во Марсеј, Верона, Хајдук, Удинезе, Галатасарај, ПАОК, Карабукспор.