Црна хроника
Фатен арамија што крадел накит и пари на подрачјето на Кисела Вода
Деветнаесетгодишен скопјанец е притворен под сомнение дека украл накит и пари во две куќи на подрачјето на Кисела Вода .
Имено, пријавениот С.М. кривичните дела ги извршил на 10.09.2014 година во временскиот период од 11:00 до 13:00 часот на улиците „Михаил и Евтихиј“ и „Ѓорги Димитров“ на подрачје на Кисела Вода при што одзел поголема количина на златен и сребрен накит, еден женски часовник и пари при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.
Првото кривично дело ,,тешка кражба во обид “ пријавениот го извршил на тој начин што откако незабележан дошол пред куќа на ул.,,Ѓорѓи Димитров“ со прекачување на балконот од дневната соба и со употреба на подесен алат-штрафцигер и нож-бајонет за пушка насилно делувал помегу касата и крилото на балконска врата која успеал насилно да ја отвори, но бидејќи во тоа време бил виден од случаен минувач истиот се откажал од намерата и избегал од местото.
Второто кривично дело го извршил околу 13:00 часот на тој начин што истиот откако незабележан дошол пред куќа на улица „Михаил и Евтихиј“, влегол во дворот на куќата каде повторно со употреба на ножот-бајонет и штрафцигерот, насилно делувал помеѓу крилото и рамката на затворената влезна врата, која ја отворил и влегол во куќата, при што по извршено пребарување од спалната соба ги пронашол и украл парите и златниот накит. Непосредно по извршувењето на кривичното дело во куќата наишол сопственикот кој го забележал пријавениот како излегува од куќата и ја скока оградата која го дели со соседната куќа со намера да избега, истиот успеал да го фати пријавениот и да го предаде на Полициски службеници од ПС-ОН „Кисела Вода“ за понатамошна постапка .
Од извршениот прегледот кај пријавениот се пронајдени украдените пари и златниот накит и истите со потврда за привремено одземени предмети му се одземени и вратени на сопственикот. Во просториите на ПС-ОН „Кисела Вода“ извршен е информативен разговор со пријавениот кој во целост го призна и појасни кривичното дело.
Пријавениот во евиденцијата на Министерството за внатрешни работи минува за сторени кривични дела од областа на имотните деликти ,,тешки кражби“. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Измамил граѓанин за над 370. 000 денари: кумановец се претставил како вработен во туристичка агенција
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373. 890 денари.
Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, уапсено едно лице
Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода У.З.(45) од Кичево.
При претрес во неговиот дом и неговото возило „хјундаи“, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана, бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен маж од Охридско, измамил жена со лажна сообраќајна незгода и ѝ зел 8.000 евра
Полицијата уапси измамник од охридско, измамил жена од струшко за сума од 8.000 евра.
Вчера во 11.40 часот во Струга, полициски службеници го лишија од слобода Н.С.(40) од с.Горно Лакочереј, охридско.
Тој се сомничи дека на 11.12.2025 измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра. Според пријавеното, тој телефонски ја побарал жената, лажно се претставил и ѝ рекол дека нејзината ќерка прегазила дете на пешачки премин и дека ќе треба да плати за да ја пуштат, односно да ја ослободат од наводно обвинение.
Откако се договориле жената му ги дала парите и тој заминал.
Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

