Црна хроника
Ракочевиќ: Обвинението против Бошкоски е „празно“

Одбраната на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на партијата Обединети за Македонија, го доби обвинението за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев и сметаат дека нема никакви докази против Бошкоски.
Според адвокатот Владимир Ракочевиќ обвинението било „празно“ и не постои доказ дека Бошкоски бил поврзан со убиството на двајцата скопјани.
Во обвинението стоело дека нарачателот на убиството, Орце Коруновски го искористил пријателството со Бошкоски, кој тогаш бил министер за внатрешни работи за да се прикрие убиството, иако Бошкоски го негирал пријателството со Коруновски.
Според адвокатот Ракочевиќ, тројцата провообвинети воопшто не биле испитани за време на истрагата за убиството, а против нив било покренато обвинение, што, според него претставува преседан во судската пракса. Одбраната најавува жалба на обвинението.
Марјан Тушевски и Кире Јанев беа убиени на 10-ти јули 2001 година. кога излегувале од кафулето „ЗУ“ во скопската населба Капиштец. Прво со 11 куршуми беше убиен Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега.
Бошкоски моментално е во затвор, каде ја издржува петгодишната затворска казнa за нелегално финансирање на изборна кампања и злоупотреба на службената положба ./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.