Свет
(Видео) Австралиски политичар силно се закашла во парламентот, веднаш е тестиран на коронавирус

Австралискиот политичар и главен државен финансиер, Џош Рајднеберг, е тестиран на коронавирус кога не можел да се воздржи од силното кашлање за време на својот говор во парламентот.
The optics are worse than I anticipated. pic.twitter.com/4t4XSOahpj https://t.co/PHhoBoGEao
— Eliza Barr (@ElizaJBarr) May 12, 2020
Тој информирал за економската состојба на државата, како и за проекциите за падот на австралискиот БДП за повеќе од 10 проценти до јуни. Додека зборувал, го фатила силна кашлица.
Се обидел да си дојде при себе пиејќи вода, но било неуспешно. Кашлицата продолжила да му пречи во говорот поради што на крајот се пошегувал на своја сметка и рекол дека тоа било подолг говор.
Набргу по инцидентот, тој објавил соопштение во кое потврдил дека поради безбедност и претпазливост, се тестирал на коронавирус и дека е сместен во самоизолација. Резултатите ќе бидат познати утре.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Италија ќе издаде половина милион визи за странски работници надвор од ЕУ во следните три години

Италија ќе издаде околу 500.000 нови работни визи за државјани на земји кои не се членки на ЕУ помеѓу 2026 и 2028 година, соопшти владата, како дел од стратегијата за проширување на легалните имиграциски патишта и одговор на предизвикот на недостигот на работна сила.
Вкупно 164.850 лица ќе имаат дозвола да влезат во земјата следната година, додека се очекува вкупно 497.550 лица да влезат во земјата до 2028 година.
Ова е втор ваков потег на премиерката Џорџа Мелони откако ја презеде функцијата пред речиси три години како лидер на десничарска коалиција. Владата веќе одлучи да издаде повеќе од 450.000 дозволи за мигранти помеѓу 2023 и 2025 година.
Покрај условите под кои им е дозволен влез на нови работници, Мелони зазеде цврст став во врска со нелегалниот влез, забрзувајќи го враќањето на нелегалните мигранти и ограничувајќи ги активностите на хуманитарните организации кои спасуваат мигранти во Средоземното Море.
„Квотите се одредуваат според потребите изразени од социјалните партнери и фактичките барања за работни дозволи примени во претходните години, со цел програма што одговара на потребите на компаниите и е реална“, се вели во соопштението.
Стареењето на населението и опаѓањето на стапката на наталитет се причините за потребата од привлекување странски работници во третата најголема економија во еврозоната. Во 2024 година, имало 281.000 повеќе смртни случаи отколку раѓања, а населението се намалило за 37.000 на 58,93 милиони, продолжувајќи го трендот што трае со децении.
Свет
Фицо разговараше со Мерц: Предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен

Словачкиот премиер Роберт Фицо разговараше по телефон со германскиот канцелар Фридрих Мерц за рускиот гас и антируските санкции и го пофали конструктивниот пристап на Европската комисија (ЕК) кон резервите на Словачка во врска со предложеното суспендирање на увозот на гас од Русија од 2028 година, но истакна дека предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е „идеолошки“ и „штетен“.
„Верувам дека предлогот на ЕК за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен за целата ЕУ, а особено за Словачка, која по децении транзит на руски гас е на крајот од цевката без гас и директен пристап до терминали за течен гас. Овој предлог од ЕК, чие усвојување бара само квалификувано мнозинство, дополнително ќе ја оштети конкурентноста на целата ЕУ и ќе доведе до зголемување на цените на гасот за словачките домаќинства и индустријата“, истакна Фицо.
Фицо додаде дека доколку Словачка нема доволно гаранции за минимизирање и надоместување на штетата предизвикана од предлогот на ЕК за запирање на протокот на руски гас, ќе побара одложување на гласањето за 18-от пакет антируски санкции, за што е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, пренесува TASR.
Регион
Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.
По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.
Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.
Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.
Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.
Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.