Црна хроника
Трикратниот убиец и преходно се заканувал: Ќе ве убијам сите
Трикратниот убиец од Кавадарци, Тони Станоев го призна убиството, но не и квалификацијата „со умисла“, додека неговата поранешна сопруга пред судот тврдеше дека и претходно им се заканувал на нејзините родители дека ќе ги убие.
Во среда во велешкиот суд започна судскиот процес за трикратното убиство што се случи минатата година во ноември, кога Станоев ги уби родителите и сестрата на неговата поранешна сопруга.Неговата поранешна сопруга објаснуваше како Тони често им се заканувал на нејзините родители велејќи им „Сите ќе ве убијам и ќе ве закопам во семејниот двор. Само кучето ќе го оставам да ве чува“, јавува велешкиот портал „Дума“.Инаку на денешниот главен претрес обвинетиот Станоев го призна кривичното дело убиство но не и квалификацијата „со умисла“. Тој го смени исказот даден во истрага. Велејќи дека е под седативи, има психички проблеми и психијатриски се лекува, денеска Тони тврдеше дека кога лани, попладнето на 9 ноември влегол во куќата на Леови прво имал вербална расправија со Билјана и Снежана. Потоа Билјана го удрила и му го искинала палтото па така паднал пиштолот кој испукал. Неговиот бранител Драган Ѓоргиев рече:„Мало разидување во исказот, даден во истрага и денеска во судница, поточно во делот на пиштолот за кој тврдеше дека го испукал сам првиот куршум што треба во доказна постапка да се прифати како такво. Обвинетиот не е во добра психичка состојба. Ние не тврдиме дека не е во добра психичка состоба туку дека имал психички проблеми и пред настанот, за време на настанот и потоа што е видливо. Слушнавте дека тој ја призна целосната вина но не и дека тоа го сторил со умисла,“ рече Ѓоргиев.За бранителот на оштетената Данче Станоева, Орданчо Темков, обвинетиот даде контрадикторен исказ. Прво ја призна целосната вина а потоа се премисли па сега судот во расправата ќе цени одговорност.„Меѓутоа во делот на изведените и писмените докази кои ние ги имаме на располагање не спорно е дека се докажува оти ги сторил тие три кривични дела по член 123 став 1 со став 3 од КЗ каде е предвидена и казна доживотен затвор. Сметаме дека со наредното рочиште кога ќе бидат сослушани вештите лица ќе се заокружи постапката, судот ќе донесе правилна одлука и кривична санкција за ова кривично дело,“ рече Темков.Инаку додека денеска Данче раскажуваше дека нивниот брак од почеток бил промашување, со секојдневни психички и физички малтретирања од обвинетиот Тони кон неа и двете малолетни деца, поради коцкањето на сопругот, тој пак тврдеше дека по бракоразводната парница бесправно го изгубил старателството над децата поради врските на Леови со Судот и Центарот за социјални работи./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава против поранешен заменик градоначалник и вработен во Општина Старо Нагоричане
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ц.(55) од Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, поранешен заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, и Д.А.(38) од Старо Нагоричане, вработен како соработник за промена на прописи, постапки и обука за човечки ресурси во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противзаконско располагање со буџетски средства за време на избори“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Првопријавениот, извршувајќи работни задачи како заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, во текот на 2023 година му наредил на второпријавениот да изготви решенија за исплата на јубилејна награда за непрекината работа во општината, по што тој изготвил решенија за десет лица, на кои средствата им биле исплатени во 2024 година и на тој начин го оштетиле буџетот на општината за сума од 204.283 денари.
Црна хроника
Расчистена кражба во Велес, уапсени две лица, дел од украденото е пронајдено и вратено на сопственикот
Синоќа, во периодот од 23:20 до 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода А.Д.(22) и А.С.(48), двајцата од Велес.
А.Д. се сомничи дека со употреба на сила и подесен алат влегол во домот на 54-годишната С.Х. од Велес и одзел пари и златен накит, а потоа златните предмети ги заложил кај А.С.. Дел од предметите се пронајдени и одземени од А.С. и вратени на сопственикот, а тој е задржан во полициска станица.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против А.Д. и А.С. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Топ
Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца
Кавадаречкото Обвинителство споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15 години.
Во првиот случај, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик. Тие имале сексуални односи пред малолетно дете, кое ги снимало со мобилен телефон.
Во јули лани, додека детето имало 14 години, еден од двајцата осомничени повеќе пати го наведувал малолетникот на сексуални односи со него за што му давал одредени парични средства.
Јавниот обвинител предложи мерка притвор за осомничениот за силување на дете, за кое е запретена казна затвор од најмалку 8 години.
Кавадаречкото обвинителство води постапка и предложи мерка притвор и против татко од Кавадарци осомничен за други полови дејствија спрема неговата 13-годишна ќерка.
Тој во алкохолизирана состојба го допирал девојчето во повеќе наврати, со што постои сомнение дека сторил кривично дело од ставот 5 на членот 188 за кое е запретена казна затвор од најмалку три години.

