Црна хроника
Командант Нацист ослободен по обвинението за тероризам

Судот во Гњилане го ослободи поранешниот припадник на таканаречената Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац, Лирим Јакупи Нацист за обвинението за терористички напад на полицијата кај Бујановац во 2003 година, јавуваат српските медиуми.
За ова стигна соопштение од ЕУЛЛЕКС до Макфакс, во кое се вели дека мешовитиот судски совет, составен од двајца судии на ЕУЛЕКС и еден косовски судија во Окружниот суд во Гњилане го ослободи Лирим Јакупи Нацист од сите обвиненија.
„Лирим Јакупи Нацист служи казна затвор поврзана со други случаи во затворот Дубрава. Јакупи е обвинет дека во периодот меѓу 1 и 7 март 2003 година, во близина на административниот граничен премин меѓу Преминот 5 на Косово и полицискиот пункт којшто се наоѓа во близина на селото Кончуљ во Србија, заедно со други лица , како соучесник се обидел да изврши терористички напад“ се вели во соопштението.
Обвинителот на Еулекс го товари Јакупи дека заедно со Аслан и Расим Бајрами и Басри Џемаили во 2003 година го подготвувале и учествувале во терористичкиот напад на двајца припадници на српското МВР на пунктот во близина на Бујановац.
Лирими Јакупи Нацист беше еден од најбараните меѓу албанските криминалци, а уапсен е во Приштина во 2010 година, три години откако на спектакуларен начин побегна од затворот Дубрава
Командант Нацист и уште седум затвореници побегнаа од затворот на 18 август 2007 година, откако почнале да пукаат кон стражарите, кои биле преокупирани одговарајќи на нападите од надворешната страна на ѕидините на тој затвор.
Јакупи и Рамадан Шити побегнале во Македонија, каде во околината Тетово организираа група, наводно блиска со Албанската национална армија, се вооружија и се стационираа во село Бродец.
Во акција на македонските специјалци кон крајот на годината убиени беа вкупно осум припадници на оваа група и беше запленета огромна количина оружје вклучувајќи и модерни противтенковски и противавионски проектили, а Јакупи беше ранет, но наводно успеа да побегне на Косово.
Во 2010 година македонската полиција, кај Блаце и кај Свиларе пронајде големи количини оружје и муниција, а во Свиларе во престрелка со полицијата загина близок соработник на Јакупи, кој во 2004 година му помогнал да побегне од станот во Тетово.
По расформирањето на Ослободителната војска на Прешево, Бујановац и Медвеѓа чиј припадница беше, Јакупи побегнал во Македонија, а во 2004 година заедно Агим Красниќи од Кондово се закануваа дека ќе го бомбардираат Скопје.
Од министерството за правда за Макфакс велат дека барањето за екстрадиција се уште е во сила, но нема стигнато известување, кога Јакупи ќе биде екстрадиран во Македонија, за да одговара за делата во Македонија.
Кон средината на 2009 година, истрага против Јакупи покренаа и српските власти, по сериите напади кај Бујановац и во Прешево, наведувајќи дека тој директно учествувал или праќал членови на својата група со минофрлачи да гаѓаат кон полицијата и да фрлаат бомби на станбена зграда во прешево.
Во два одвоени инциденти тогаш биле ранети четири лица, два припадници на полицијата и една жена и дете од албанска националност./крај/еу/ср/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.