Регион
(Видео) Протести пред бугарското собрание во Софија, бараат оставка од владата на Борисов

Приврзаници на опозициската партија Вазраждане го блокираа сообраќајот на булеварот Цар ослободител пред зградата на националното собрание во Софија и се обидоа да влезат внатре. Тие бараат оставка од премиерот Бојко Борисов.
Луѓето се бесни затоа што бугарската држава не им помогнала за време на вонредната состојба и ги осудила на банкрот, глад и беда.
Непосредно по почнувањето на протестот, еден млад човек се обиде да влезе во парламентот. Неговиот обид беше спречен од униформирани службеници, кои го уапсија по неколку предупредувања да се тргне од пред зградата.
Полицијата ги предупредува луѓето да се држат настрана затоа што собирите се забранети за време на епидемија. Но, толпата луѓе се туркаше и извикуваше „Оставка, оставка“. Неколкупати се обидоа да го пробијат полицискиот кордон, но беа спречени од органите на редот.
Лидерот на Вазраждане, Костадин Костадинов, кој истовремено е и организатор на протестот, објасни дека причината за протесотот е незадоволството од неуспехот на државата да се справи со последиците од коронавирусот и нанасената економска шетата на бугарскиот народ од наложените репресивни мерки. Тој е категоричен дека сегашната влада не може да продолжи без да го побара мислењето на народот.
„Мерките за надминување на коронавирусот се исти како во целиот свет, но компензаторните мерки што се за поддршка на граѓаните и претприемачите немаат ништо заедничко со оние во другите земји. Владата не успеа во оваа политика и ние сме тука тоа да го кажеме јасно и категорично“, коментира Костадинов за бугарските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.