Топ
Спречен незаконски риболов во Охридското и Преспанското езеро

Во периодот од 21.00 часот на 15.05.2020 до 02.00 часот на 16.05.2020, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стење, во водите на Преспанското езеро во с.Штрбово и во с.Наколец, на околу 50 метри од брегот на езерото, пронашле рибарски мрежи со улов.
Риболовниот алат и рибата биле подигнати од водите на езерото и биле однесени во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стење за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во периодот од 21.00 часот на 15.05.2020 до 04.00 часот на 16.05.2020, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, во водите на Охридското езеро, на околу 200 метри од брегот на езерото, спроти хотел „Метропол“, на околу 20 метри од брегот на езерото, спроти АК„Извиднички“ и на околу 10 метри од брегот на езерото, спроти плажа „Версус“, пронашле повеќе рибарски мрежи и уловена риба.
Риболовниот алат и рибата биле подигнати од водите на езерото и биле однесени во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип.
Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој со него бил на риболов на Злетовска Река во атарот на селото Жиганци. Кире Павлов тука исчезнал и му се изгубила трага, според пријавеното, пренесе Центарот за управување со кризи.
Полицијата подоцна извести дека лицето било пронајдено починато, а според првичните информации станува збор за природна смрт.
Топ
МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко.
За случајот, полицијата во Карпош ја алармирал родителот на момчето.
Од МВР велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на детето.
Полицијата трага и по две девојчиња на возраст од 11 и 14 години, кои исчезнаа во Скопје.
Свет
Зеленски: Договорот за минералите е прв резултат од мојата средба со Трамп во Ватикан

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска го нарече историски договорот за минерали меѓу САД и Украина.
„Ова е првиот опиплив исход од средбата во Ватикан, што навистина го прави историски“, објави Зеленски, осврнувајќи се на разговорот со американскиот претседател, Доналд Трамп, на маргините на погребот на папата Франциско во саботата.
Договорот наскоро треба да биде ратификуван од украинскиот парламент.
Според договорот, Украина ќе обезбеди вредни природни ресурси за да може Вашингтон да продолжи да го поддржува Киев во одбраната на земјата од руската инвазија.
„Договорот значително се промени за време на подготвителниот процес. Сега станува збор за навистина еднакво партнерство, кое создава можности за значителни инвестиции во Украина и значајна модернизација на украинските индустрии и, што е подеднакво важно, нејзините правни практики“, рече Зеленски во неговото вечерно обраќање.
„Договорот не предвидува задолжување. Тој предвидува формирање фонд за реконструкција кој ќе инвестира во Украина и ќе генерира профит. Тоа значи дека ќе работиме заедно со Америка, врз основа на фер услови, обезбедувајќи Украина и САД, кои ни помагаат во одбраната, да заработат пари во ова партнерство“, рече Зеленски.
Договорот, како што додаде, е клучен и за напорите на Киев да ги поправи односите со Трамп и Белата куќа, кои се влошија откако тој ја презеде функцијата во јануари.