Црна хроника
Азманов го знаел Тушевски како рекетар кој му изнудувал пари
Бизнисменот Зоран Азманов во понеделник сведочеше во случајот Ровер, во којшто му се суди на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски за вмешаност во убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година.
Азманов го знаел Тушевски како рекетар кој изнудувал пари. Се претставувал како припадник на армиската специјална единица „Волци“, близок човек на поранешната министерка за внатрешни работи, Доста Димовска, претседателот Борис Трајковски и на тогашниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. На двапати му барал пари на Азманов, за како што велел „македонската кауза“.
Вториот пат кога, Азманов одбил да му даде пари, Тушевски му вперил пиштол.
Азманов се имал сретнато со Орце Коруновски, кој според обвинението добил одобрение од Бошкоски да го убие Тушевски. Наводно Коруновски сам му се понудил да изврши наплата за извесен договор кој какао што рече никогаш не го реализирал.
Азманов ги негираше тврдењата на претходниот сведок, Александар Василевски Нинџа, дека Тушевски и Бошкоски се скарале за пари што како отштета за палење на магацините на скопскиот бизнисмен Зоран Азманов требало да ги добие Тушевски.
Во случајот„ Ровер“ им се суди на 15 лица кои се товарат за убиство и помагање во убиството на Тушевски и Јанев во 2001 година. Првите четворица, кои се осомничени дека се извршители се во бегство./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 34-годишник
Ноќеска во 01:20 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода 34-годишниот Б.Б. од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘.

Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории, сопственост на Б.Б. и при претресот, тој доброволно предал кутија во која имало марихуана.

Б.Б. е задржан во ПС Гостивар и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

