Контакт

Здравје

Кристален пилинг за чисто лице

Објавено пред

Со својата високо специјализирана градба и функција кожата овозможува заштита на целото тело од надворешни фактори и дава голем придонес во одржувањето на хомеостаза на целиот организам.

dobivaj vesti na viber

Кожата е повеќеслоен орган составен од три слоја : епидермис, дермис и хиподермис. Најповршинскиот дел од кожата, епидермисот, е делот кој континуирано се обновува, каратенизира, десквамира, се одлупува и отпаѓа од кожата. Со цел да се постигне здрава и ревитализирана обновена кожа експерите го посочуваат третманот со микродермоабразија односно кристсален пилинг.

Микродермоабразијата е неинвазивна техника на пилинг со симнување на површинските слоеви на кожата со помош на кристали. Принцип на работа на апаратот е вакум систем со кристали кои одат до кожата вршат ексфолијација на површинските слоеви и потоа со вакум системот се отстранува мртвиот површен и нечист слој.

Се поставува притоа прашањето: Што се постигнува со кристален пилинг? Со кристалниот пилинг се постигнува отворање на запушените пори со што кожата полесно дише, стимулација на циркулацијата, регенерација и поттикнување на природните фукнции на кожата и клеточно обновување. Со третманот на микродермоабразија добиваме мазна и сјајна кожа со нејзино потполно ревитализирање и обновување на колагенот и еластинот.

Притоа, струњаците појаснуваат дека микродермоабразијата се применува за: одржување на виталноста на кожата на лицето и вратот; чистење на мрсна кожа полна митисери; чистење на кожа со акни; освежување на сува кожа; третирање на површини до средно длабоки бори и третирање на лузни од акни и хиперпигментации

Третманот се изведува по темелното чистење на лицето, кога со помош на сонда се нанесуваат кристали кои со голема брзина удираат врз кожата. Времетрањето на еден третман на лице е 10-15 минути, лице и врат 20 минути, а ако се третира поголема регија потребни се 30 минути.

Кожата треба добро да се хидрира со соодветни препарати. Една седмица пред и по третманот да не се вршат други третмани, особено да не се нанесуваат препарати со ретин А и алфа хидрокси-киселина (креми за хемиски пилинг). За постигнување на задоволителни резултати пожелно е пилингот редовно да се практикува на секои три/четири седмици.

Секакако, едно од прашањата што се поставуваат во врска со овој третман, е дали со микродермоабразија постојат несакани ефекти? Според стручните совети на лекарите од „Ординација д-р Анчевски“, единствен несакан ефект е лесно црвенило (еритем) кој за неколку часа по третманот исчезнува. За време на третманот се чувствува благо гребење на кожата, кое се јавува како резултат на допир на кристалите со кожата.

Микродермоабразијата, исто така, може да се комбинира со други естетски третмани на пример со ласерските третмани, јонтофореза, радиофеквенција како и масажните третмани.

„Самиот процес е одлично прифатен од лекарите, кои го применуваат и од пациентите како корисници. Можноста за примена на третманот и кај нас нé доближува до светските светските трендови, кој третман веќе подолго време се користи во развиениот свет“, вели д-р Анета Петрушевска, специјалист дерматовенеролог од „Ординација Д-р Анчевски“./крај/мф/би

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Ги брише брчките подобро од колагенот: продукт од кујната е тајно оружје против стареењето

Објавено пред

Во светот на нега на кожата, видовме се. Од едноставни навлажнувачки лосиони до екстремни третмани – има еден тон чудни и прекрасни производи за убавина од кои можете да изберете.

dobivaj vesti na viber

Сега се тврди дека изненадувачки зеленчук може да биде најдоброто тајно оружје против стареењето, особено кај постарите од 30 години.

Станува збор за кромид кој благодарение на импресивната содржина на витамин Ц и сулфур создава уникатна комбинација во борбата против брчките. Сулфурот, одговорен за остриот мирис на кромидот, има потенцијал да го зголеми производството на колаген во нашето тело – протеин кој е особено изобилен во нашата кожа. Меѓутоа, по триесеттата година, нашите природни нивоа на колаген почнуваат да се намалуваат, што доведува до брчки и фини линии. Како добар извор на витамин Ц, кромидот може да го поддржи градењето и одржувањето на колагенот.

Експертите исто така сугерираат дека бакарот, манганот и цинкот се три други хемикалии кои ја менуваат играта и можат да го зголемат производството на колаген. Тиквата и брокулата се меѓу намирниците кои се особено пофалени за ова.

Различни студии препорачуваат и козметички производи базирани на колаген за борба против брчките, но изборот на вистинскиот може да направи разлика. Самиот колаген е голема молекула која не може да навлезе во површинскиот слој на кожата освен ако не е во форма на „хидролизиран колаген“. Се состои од многу помали фрагменти кои се занимаваат со видливи знаци на стареење однадвор, но сепак не можат длабоко да навлезат во составот на кремите и маските.

Експертите претходно објаснија: „Не трошете ги парите на колагенски маски, креми и серуми, бидејќи единствената придобивка што ќе ја добиете од директно нанесување на колаген на вашата кожа е многу минимална хидратација“.

Единствените маски за лице, креми и серуми кои ефикасно делуваат се про-колагенските производи или оние кои содржат пептиди кои го засилуваат колагенот и го поддржуваат производството на колаген.

Експертите, сепак, препорачуваат да го зголемите нивото на колаген со земање додатоци. Тие побрзо се апсорбираат во крвотокот, ефикасно се борат со знаците на стареење одвнатре, а истовремено го зајакнуваат здравјето на ноктите. Други истражувања дури сугерираат дека тие можат да ја подобрат мускулната маса, иако степенот сè уште е неизвесен, пренесува „Мирор“.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Едно движење прави чуда: овој трик од 5 секунди ги ублажува стресот и напнатоста

Објавено пред

Понекогаш е потребно толку малку за да се чувствуваме многу подобро, а при рака секогаш имате корисна алатка за смирување. Трикот од 5 секунди ја ублажува напнатоста.

dobivaj vesti na viber

Анксиозноста е проблем на модерното време и донекаде нè погодува сите нас. Ако се чувствувате под стрес или вознемиреност, понекогаш се што треба да направите е да ја промените положбата на телото – да се чувствувате подобро и психички и физички.

Промената на нашето држење или дури и положбата на главата може да ги промени брановите на нашиот мозок и да ни помогне да го ослободиме стресот и напнатоста.

Кога чувствувате напнатост, обидете се да станете, да се истегнете или едноставно да ја навалите главата во друга насока.

Тие мали движења можат да направат голема разлика и да ви помогнат да се чувствувате посмирени и да имате поголема контрола над себе и своите емоции.

„Ова е еден трик кој ќе ве воодушеви и воодушеви, но и ќе ви помогне да се ослободите од анксиозноста. Ако сте под стрес, се чувствувате вознемирени или напнати, имате негативни емоции, само направете го ова: навалете се малку назад, погледнете нагоре, а потоа малку навалете ја главата наназад и веднаш ќе почувствувате олеснување, смиреност.

Ова функционира затоа што ги менува вашите мозочни бранови и се практикува во медитација илјадници години. И тоа е многу корисен трик, секогаш при рака кога ви треба“, советува Дејвид Филипс, мотивациски говорник.

Прикажи повеќе...

Забава

Диета што ги убива мастите, а на многумина не им се допаѓа: позната актерка изгледа прекрасно во своите 60-ти поради овој начин на исхрана

Објавено пред

Прославената актерка Гвинет Палтроу (52), освен што воодушевува со својот изглед и улоги, лансира и своја линија на козметички производи, со што уште појасно покажува колку ѝ е важна младоста.

dobivaj vesti na viber

Според Social Diary, урамнотежената исхрана и вежбањето ја одржуваат нејзината совршена фигура, а особено интересно е нејзиното мени.

Имено, Гвинет со години следи макробиотска диета заснована на течна храна. Актерката јаде многу органски житни зрна, свеж зеленчук, а повремено јаде и органска риба или живина, најмногу до 50 грама, но не како оброк, туку во супа или чорба.

Вештачките шеќери и преработената храна за неа се минато, а кога се во прашање млечните производи, козјото млеко е дозволено.

На секои два часа таа внесува многу течности, вода, билни чаеви, свежо цедени сокови од овошје и зеленчук, напивки од бобинки, супи.

Кога станува збор за зеленчукот, најмногу се препорачуваат моркови, цвекло, тиквички и домати, а многу е важно храната да биде пасирана, зготвена или блендирана.

Сепак, диетата никогаш не е доволна доколку нема физичка активност, па Гвинет тренира петпати неделно по 45 минути, а обожава и јога. За почеток, можете да тренирате двапати неделно ако ова темпо е пребрзо за вас.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Претседателот на Харвард: Партиите не треба да диктираат што да учат универзитетите

Претседателот на Харвард, Алан Гарбер, вчера во јавно писмо напиша дека најстариот и еден од најпочитуваните универзитети во САД се...

Свет2 часа

Харвард ги отфрли барањата на Трамп, губи 2,2 милијарди долари федерални пари

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп објави дека замрзнува повеќе од 2 милијарди долари федерално финансирање за Харвард, само неколку часа...

Европа2 часа

Лавров: САД блокираа 95 отсто од трговијата со Русија, но ние не бараме милост

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не бара укинување на санкциите, но системот на американски мерки...

Македонија13 часа

(Видео) „Сите идеали не се вредни колку солзите на едно дете“ со насолзени очи советничка во Кочани си поднесе оставка

Советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кочани, Кристина Атанасова Арсова, денес на седницата за избор на в.д. градоначалник си...

Регион15 часа

Бугарија бара одговор: Три месеци чекаме РСМ да одлучи дали ќе работиме или само ќе разговараме за Коридорот 8

До денес, Коридорот 8 зависи од желбата и политичката волја на Република Северна Македонија. Испративме договор таму за единственото нешто...

Свет15 часа

Медведев до Мерц: „Размисли двапати нацисту“

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, го нарече новиот германски канцелар, Фридрих Мерц, нацист поради, како што рече,...

Свет18 часа

Русите се огласија по крвавиот напад на Суми: Цел ни беше состанокот на воените команданти

Еден ден по рускиот ракетен напад врз украинскиот град Суми, во кој беа убиени најмалку 34 лица, меѓу кои две...

Македонија19 часа

Во Скопје се лекуваат девет повредени во пожарот во Кочани, во странство 48

Во Скопје се лекуваат уште девет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во странство 48, информира министерот...

Македонија20 часа

Палевски тврди дека не ги извршил убиствата и грабнувањата: „Ако сакав пари, ќе уценував милијардери, имав 200.000 телефонски разговори“

Љупчо Палевски, првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, сведочи во Основниот кривичен суд во Скопје тврдејќи...

Македонија23 часа

„Филипче, наместо Клинички центар, изгради полигон за семејни тендери, корупција и скандали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче во улогата како министер за здравство под СДС, ја покажа неспособноста на една власт да ја разбере суштината на...

Македонија23 часа

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски

„Истрагата за најголемата трагедија во историјата на Македонија, која требаше и мораше да донесе правда, се претвори во фарса. И...

Европа23 часа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Додека Очите на Европа и на Запад главно се насочени кон војната во Украина, тензиите на Западен Балкан растат се...

Македонија24 часа

Грантови од 10.000 евра за младите земјоделци, велат од Владата

„Приоритет на Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е развој на македонското земјоделство, со посебен акцент на младите...

Македонија24 часа

ЦУК: Пронајдени рачни бомби во нива во Тетовско и американска авионска бомба од минатите војни во Битолско

За пронајдени неексплодирани убојни средства известува РЦУК Тетово. Конкретно, преку 112 во ЦУК е пријавено пронаоѓање рачни бомби на приватна...

Македонија1 ден

ДУИ: Прес-конференцијата на Тошковски и Коцевски – најголемата карикатура на заробената држава

„Прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и јавниот обвинител Љупчо Коцевски претставува најголемата карикатура на заробената држава“, велат...

Европа1 ден

(Видео) Европа го осуди рускиот ракетен напад врз Суми: „Суровоста повторно удри“

Најмалку 34 лица, меѓу кои две деца, загинаа вчераутро во руски ракетен напад врз украинскиот град Суми, додека други 117...

Свет1 ден

Подметнат пожар во домот на гувернерот на Пенсилванија: полицијата го разбуди и го евакуира

38-годишен маж е уапсен и ќе се соочи со обвинение откако наводно ја запалил официјалната резиденција на гувернерот на Пенсилванија...

Топ1 ден

Полицијата го пронајде девојчето, кое вчера се оддалечило од дома

Полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа малолетното девојче од село Кадино, скопско за кое вчера едниот родител во Полициска...

Македонија1 ден

Судот изрече притвор за четири лица од проширената истрага за пожарот во „Пулс“

Судот на четири лица им изрече мерка притвор во траење од 30 дена, за шест лица куќен притвор и мерки...

Македонија2 дена

Таравари: Политиката не треба да биде средство за личен комодитет, туку служба за народот

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку статус на Фејсбук порача дека никогаш не чувствувал завист за власта, иако...